Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате
Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со маџун во тиквешкиот регион, демиркаписка раванија... Ве водиме на тура со десерти низ градовите во Македонија.

Македонската кујна изобилува со вкусни, традиционални рецепти, а има по нешто специфично буквално за сечиј вкус.
Од месни специјалитети, до месени погачи и пити, вкусни манџи, а секако, тука се и десертите без кои не завршува ниту еден ручек.
Погледнете и Тура со храна низ 15 македонски градови - специјалитети кои мора да ги пробате
Иако голем број од овие десерти се популарни и се прават во повеќе градови низ Македонија (понекогаш со малку поразлични рецепти), сепак во некои градови се покарактеристични и вреди да се пробаат доколку ги посетите.
Неколку десерти кои треба да ги пробате низ градовите во Македонија:
Крушево – локум и пуслици / целуфки
Струмица – чурек погача со локум и ореви
Валандово, Гевгелија – слатко од смокви

Гостивар – баклава

Кавадарци, тиквешки регион - пишии со маџун



