Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали спанаќот смее да се подгрева?“
Кога ќе се донесе свеж спанаќ од пазар или маркет, веднаш треба да се складира во фрижидер.
Свежиот спанаќ е исклучително деликатен зеленчук кој бара специфични услови за да ги задржи своите витамини и крцкавост. Има многу висок процент на вода и тенки листови, што го прави подложен на брзо венење.
Воедно на собна температура, спанаќот многу побрзо ги губи своите хранливи вредности, особено витаминот Ц и фолатите, за разлика од ниската температура во фрижидерот која го забавува овој процес.

Собната температура покрај тоа предизвикува листовите да ја изгубат влажноста и да станат меки и овенати само по неколку часа поминати на отворено.
Дури и бактериите на површината на свежиот спанаќ полесно се размножуваат на собна температура.
Со оглед на тоа што му пречи и влагата, не смее да се мие пред време, туку се лади без претходно миење. Се мие само непосредно пред готвење или јадење.

Ако веќе е измиен, мора да биде потполно сув пред да се складира. Правилно спакуван, свежиот спанаќ во фрижидер може да се чува околу 5-6 денови.
Миењето исто е клучно бидејќи спанаќот расте блиску до земјата и неговите листови лесно задржуваат песок и микроорганизми.

Најдобар начин на миење е да се потопат листовите во сад со ладна вода, да се остават кратко за песокот да падне на дното, а потоа да се исплакнат под млаз вода.
Можете да се додаде малку сода во водата (околу една лажичка на литар). Таа може да помогне во отстранување на дел од резидуите од пестициди, но не е магично решение“.
Прочитајте и Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
