Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“

Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се избира меѓу смути и сок - што е подобра опција? И најчестото прашање е: „Може ли да го исцедам сокот сега, а да го пијам подоцна?“... Нутриционистот Антонио Велковски дава одговори за CRNOBELO.com.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-01.jpg

Антонио Велковски е магистер по нутриционизам и работи како нутриционист повеќе од 5 години. Тој сега за CRNOBELO.com ќе дава одговори на прашањата кои најчесто ги мачат луѓето кога станува збор за храната, приготвувањето и складирањето на истата.

Сега тој зборува на темата:

Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови? А смути или цедени сокови? Откако ќе се направи цеден сок, по колку време се губат хранливите состојки, односно за колку време треба да се испие?

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-02.jpg

Антонио Велковски за CRNOBELO.com вели:

„Ова е една од најактуелните теми во светот на здравата исхрана.

Иако сè што доаѓа од овошјето звучи здраво, постојат суштински разлики во тоа како нашето тело ги обработува овие три форми.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-11.jpg

Во ерата на брзиот живот, често посегнуваме по соковник или блендер мислејќи дека правиме услуга за нашето здравје.

Но, дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Науката вели – не баш.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-09.jpg

Ако треба да се изберете само еден начин, тоа е секогаш целото овошје. Причината е една и многу важна: растителни влакна.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-10.jpg

Влакната делуваат како „кочница“ за шеќерот од овошјето.

Кога јадеме цела овошка, шеќерот (фруктозата) се апсорбира доста побавно.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-08.jpg

Покрај тоа џвакањето и влакната му сигнализираат на мозокот дека сме сити.

Еве и споредба: тешко е да изедеме пет портокали одеднаш, ама многу лесно е да го испиеме нивниот сок во една чаша.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
8 трикови со кои ќе го познаете најсвежото и најсочно овошје во продавница Проверете ја дршката на праските, а кај лубениците, фокусирајте се на бојата на ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg