5 причини зошто чипсот да го замените со семки од тиква

Јасно ни е дека чипсот е незаменлив, но ако сакате да се откажете од мастите кои ги внесувате преку него, најдобра алтернатива се семките од тиква.

5-pricini-zosto-cipsot-da-go-zamenite-so-semki-od-tikva-01.jpg

Зошто?

1. Го одржуваат здравјето на срцето

Само ¼ шолја од овие семки содржи речиси половина од препорачаната доза магнезиум, кој е важен за вашето срце. Исто така, помагаат во контролата на крвниот притисок.

2. Го подобруваат имунолошкиот систем

Богати се со цинк, кој помага при регулирање на имунолошкиот систем, односно така се намалува ризикот од вируси и инфекции. Истражувањата покажале дека, покрај другото, ја намалуваат депресијата и постојаниот замор.

3. Го одржуваат здравјето на простатата

Уште одамна семките се познати како важен дел од прехраната на секој маж, затоа што благотворно делуваат на простатата. Заради високото ниво на цинк семките од тиква се посебно препорачливи за мажите во поодминати години.

4. Го намалуваат ризикот од дијабетес

Според многубројни истражувања, семките од тиква помагаат во регулирање на инсулинот, а со тоа ги спречуваат сите компликации врзани со дијабетесот.

5. Помагаат при несоница

Консумирањето на семки од тиква неколку часа пред спиење, посебно во комбинација со овошје, може да биде одличен лек за несоницата заради тоа што допринесува за зголемено излачување на мелатонин и серотин.

Би можело да ве интересира:

Зеленчук и овошје што најчесто го сечеме погрешно (и несвесно му го менуваме вкусот) Гранчињата од брокулата не треба да се фрлаат туку да се јадат, јаболкото не се ...
Храна што треба да ја јадете почесто во зима (помага во борбата со настинките) Генерално, семките се многу важни за здравјето, но, кога станува збор ...
8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, в...
4 замени за брашното за кои можеби не сте слушнале досега Ако веќе некое време не консумирате глутен, веројатно сте барале алтернативни оп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg