Искористете ја сезоната: Зошто да јадете диња секој ден?

Дињата, покрај лубеницата, е едно од омилените овошја во лето. Освен што има сладок вкус и освежува, дињата содржи состојки кои ефикасно делуваат на губење на килограмите, како што е целулозата.

slatko-i-zdravo-ovoshje-dinja-za-vitko-telo-01.jpg

100 грама диња содржи само 34 калории. Ако во текот на еден ден јадете само диња, резултатите ќе бидат видливи уште веднаш.

Еве како да го направите тоа за најдобри резултати:

Поделете ја дињата на пет еднакви парчиња кои ќе ги изедете во текот на еден ден. Дозволени пијалаци се вода, чај без шеќер или сок од диња. Ако сте многу гладни, може да каснете и малку црн леб, парче сирење или варено пилешко.

Дињата исто така помага во отстранувањето на токсините од телото. Јадете диња, покрај нормалната дневна исхрана, и тоа 2-3 часа по оброкот, бидејќи ако ја јадете веднаш по обилен оброк може да дојде до забавување на варењето.

Дињата можете да ја јадете свежа, а можете и да ја додавате во цедени сокови и смути со други овошја кои помагаат за регулирање на тежината, како на пример киви, јаболка и лимон.

slatko-i-zdravo-ovoshje-dinja-za-vitko-telo-02.jpg

Докажано е и дека дињата го подобрува видот и помага за полесно да заспиете.

Ова чудесно овошје навистина вреди да се најде на вашиот план за исхрана уште веднаш.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...

Најчитани неделава