Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исхраната со која кралицата Елизабета го одржува доброто здравје на 91 година

Да се биде витален владеач на 91 година е навистина голем успех, а кралицата Елизабета е пример токму за тоа.

ishranata-so-koja-kralicata-elizabeta-go-odrzhuva-dobroto-zdravje-na-91-godina-01.jpg

Секако, здравјето оди во комбинација со здравата исхрана, а кралицата тоа и го применува.

Таа во текот на годините немала многу промени кога станува збор за храната.

Двапати неделно, кралицата добива листа со предлози на која таа обележува што ѝ се допаѓа.

Погледнете дел од јадењата кои се наоѓаат на таа листа:

Чај без шеќер со кекс пред појадок

ishranata-so-koja-kralicata-elizabeta-go-odrzhuva-dobroto-zdravje-na-91-godina-02.jpg

Појадок со житарки и тост

Вообичаениот појадок на кралицата вклучува овошје и житарки, а понекогаш јаде и печен леб со мармалад, или пак, пржени јајца со лосос и тартуфи.

ishranata-so-koja-kralicata-elizabeta-go-odrzhuva-dobroto-zdravje-na-91-godina-03.jpg

Чаша џин пред ручек

Наводно, кралицата ужива во коктел пред ручек – чаша џин со многу мраз и парчиња лимон.

Ручек без скроб

Кралицата руча во 13 часот, а најчесто оброкот се состои од риба со спанаќ, тиквички или печено пилешко со салата.

Таа избегнува скроб, па на нејзиното мени ретко има тестенини, ориз и компир.

ishranata-so-koja-kralicata-elizabeta-go-odrzhuva-dobroto-zdravje-na-91-godina-04.jpg

Попладневен чај со торта

Попладневниот чај се служи со мед и ужинка или чоколадна торта, која кралицата ја обожава.

Според нејзиниот поранешен готвач, се служат и два вида сендвич, а лебот е сечкан на мали кругови како што кралицата го сака.

ishranata-so-koja-kralicata-elizabeta-go-odrzhuva-dobroto-zdravje-na-91-godina-05.jpg

Бифтек за вечера

Кралицата сака месо од локални фармери. Обожава бифтек со печурки и сос од виски.

Понекогаш јаде јагнешко или телешко, а без разлика од какво потекло е, месото треба да биде добро печено.

По главното јадење, јаде јагоди и ли праски кои се одгледуваат во нејзината градина.

Чаша шампањ по вечерата

Според некои извори, кралицата го завршува денот со чаша шампањ од 8-те најквалитетни, кои се направени за членовите на кралското семејство.

ishranata-so-koja-kralicata-elizabeta-go-odrzhuva-dobroto-zdravje-na-91-godina-06.jpg

Чоколадо

Кралицата Елизабета изгледа многу сака чоколадо, според нејзиниот поранешен готвач.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?) Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. П...
Суплементи со кои ќе останете фит и по 45-тата година, според тренерот на Рајан Рејнолдс Омега 3 масни киселини за регулирање на триглицеридите како и креатин за енергиј...
Ја подобруваат циркулацијата и уште 7 причини зошто почесто да јадете боровинки Без разлика дали како свежи или замрзнати, боровинките може да се најдат во теко...
Маслиново масло или маслинки - што е поздраво и кои се придобивките? Треба да се спомене дека и маслиновото масло и маслинките содржат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg