Храна која го штити мозокот од брзото темпо на живот

Според здравствените организации, секоја година бројот на луѓе кои патат од деменција, се зголемува за 10 милиони. А, еден од главните фактори е неизбалансираната исхрана.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-01.jpg

Па, за да го намалите ризикот, водете поголема грижа за исхраната и внесувајте продукти кои го штитат мозокот.

1. Пињоли

Пињолите се плодови од бор кои содржат 20 пати повеќе омега-6 масни киселини од едно авокадо. Омега-6 масните киселини го забавуваат стареењето.

Покрај тоа, во нив има големи количини магнезиум и витамин Е.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-02.jpg

2. Цвекло

Цвеклото ја подобрува циркулацијата на крв во телото, па така мозокот се снабдува со поголеми количини кислород. Покрај тоа, витаминот Б9 со кој е богато цвеклото игра голема улога во здравјето на мозокот.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-03.jpg

3. Сок од калинка

Антиоксидансите во овој сок го прават помоќен пијалак од зелениот чај и црното вино заедно.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-04.jpg

4. Куркума

Антиоксидансите во куркумата ја штитат меморијата, а покрај тоа и го стимулираат создавањето на нови клетки и ја подобруваат конекцијата помеѓу нив. Како природен антидепресив, има моќ да го подобри расположението и да ги намали негативните ефекти од стресот.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-05.jpg

5. Леќа

Витаминот Б9 во леќата ја подобрува меморијата, а магнезиумот и железото кои ги содржи спречуваат голем број на нарушувања поврзани со нервниот систем.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-06.jpg

6. Грозје

Две шолји зрна грозје се одлична превенција од сите болесни кои негативно влијаат на меморијата и здравјето на мозокот, бидејќи се богати со моќен антиоксиданс кој спречува било какво оштетување.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-07.jpg

7. Јагоди

100g јагоди се доволни за да подмирите 98% од дневната препорачана доза витамин Ц. Покрај тоа, флавоноидите во нив помагаат при заштита на мозокот и меморијата. Нивните придобивки се речиси идентични како оние од боровинките.

hrana-koja-go-stiti-mozokot-od-brzoto-tempo-na-zivot-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Кои намирници се безбедни за јадење кога имате киселини во стомакот? Ако сакате оброк богат со протеини, но имате киселини, нема да погрешите со пече...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg