Водич од 15 чекори: Како да се храните здраво додека сте на патување?
За време на патувањата и одморите, ретко кој успева да се придржува до здрав начин на исхрана.

Тешко е да се одолее на сите слатки задоволства, грицки и освежителни коктели на плажа.
Но, не е невозможно, доколку сакате да се држите до здравата исхрана и да не претерате со нездрави грицки и брза храна.
За полесно да го постигнете тоа, држете се до следниве правила:
Започнете ја рутината за исхрана уште пред одмор за да стекнете навика
Одберете неколку нездрави оброци кои сакате да ги пробате и држете се до тоа

Не пијте по цел ден коктели и пиво на плажа или пикник – држете се до свежи сокови и вода

Јадете богата салата за ручек наместо гиро или друга брза храна

Наместо месо, бирајте риба и морска храна
Дозволете си некое задоволство само ако тоа не може да си го дозволите дома
(на пример појадок со поглед на Ајфелова кула, а не нездрав ручек во било кој ресторан, како што може да имате и дома)

Спакувајте си здрави грицки и овошје каде и да одите
Запомнете зошто сте на одмор – да се релаксирате, а не да ги пробате сите нездрави јадења
Не потпаѓајте под влијание на друштвото и вие држете се до вашиот начин
Кога ви се јаде благо, јадете богата овошна сезонска салата

Пред да одите на патување, пребарајте неколку ресторани и продавници каде што има здрава храна
Заменете ја пржената храна со зеленчук на храна

Пијте вода во големи количини, одржувајте се хидрирани и сити
Не заборавајте колку добро се чувствувате кога се храните со здрава и лесна храна
Не паѓајте во искушение последниот ден да јадете сè што не сте пробале и држете се до здрав и свеж оброк

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“
Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор)
Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...