Како редовно да појадувате, иако немате навика да јадете наутро?

Сме чуле многупати дека појадокот е најважниот оброк од денот, свесни сме за тоа, но сепак, постојат луѓе кои наутро никако не можат да каснат ниту залак.

kako-redovno-da-pojaduvate-iako-nemate-navika-da-jadete-nautro-01.jpg 

Можеби на некој оваа појава му е чудна, но за други е секојдневие. Едноставно, поради навики од младоста, многу луѓе го јадат првиот оброк дури по 12 часот.

Ваквото прескокнување на појадокот може да има многу негативни последици по здравјето, но и да ги влоши расположението и продуктивноста.

Постојат неколку начини како да се воспостави редовна навика на појадување.

Првите неколку денови може да биде тешко, но вреди да се обидете:

Појадувајте со пријатели

Договорете се со пријателите да излезете во исто време на пауза за појадок. Во тој случај можеби ќе ви биде поинтересно и нема да обрнете многу внимание на тоа дека всушност јадете, макар и да се работи за кроасан или било што друго.

kako-redovno-da-pojaduvate-iako-nemate-navika-da-jadete-nautro-002.jpg

Направете канцелариска традиција

Договорете се со колегите со кои сте поблиски да имате одредени денови во кои ќе нарачувате и јадете од исто место или иста храна. Традицијата ќе ви помогне да воспоставите навика.

kako-da-imate-redoven-pojadok-duri-i-ako-ne-mozhete-da-jadete-nautro-03.jpg

Закажувајте бизнис појадоци, наместо бизнис ручеци

Кога би ги закажале состаноците наутро и претпладне, тогаш сигурно ќе успеете да јадете нешто, без да го прескокнувате појадокот.

Подгответе го појадокот сами

Исто како што си подготвувате ручек и вечера, спремете нешто и за утрото. Изборот е голем, од разни тост-лепчиња и намази, до овесни каши и суви овошја и јатки. Можете да изберете и салата со варени јајца и интегрален двопек.

kako-da-imate-redoven-pojadok-duri-i-ako-ne-mozhete-da-jadete-nautro-02.jpg

Понекогаш купете готов појадок од продавница

На пат кон работа сигурно имате многу локали кои нудат појадок за носење во утринските часови. Најчесто овие оброци се лесни и избалансирани и се одличен избор за јадење „од нога“.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава