Распадната торта, недопечена пита: Трикови како да ги „спасите“ уништените јадења
Ако го препржите или препечете месото
Ако месото е препржено или препечено и не може да се јаде, исечкајте го и подгответе го со зеленчук, ставете го во пита, направете од него манџа или исечете многу тенки парчиња и ставете го во сендвич.

Ако испржената риба се распаѓа
Ако не можете да ја послужите рибата која се распадната од готвењето, извадете ги коските, исчистете ја кожата и послужете ја со кремаст сос.

Ако месото малку загори
Некои зачини како куркума и кари совршено го неутрализираат мирисот на изгорено месо. Путерот и павлаката исто така помагаат да го ублажат вкусот, а може да додадете и некој сос.

Ако тортата или колачот се многу суви
Истурете врз неа благ сируп или ликер од цреша, слатко, а може да направите и некоја мешавина.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате)
На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...