Распадната торта, недопечена пита: Трикови како да ги „спасите“ уништените јадења

Добро позната ситуација – пробувате нов рецепт, вложувате многу труд и на крај резултатот е уништено јадење и разочараност.

raspadnata-torta-nedopechena-pita-trikovi-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-01.jpg

Дури и на најискусните готвачи им се случува да утнат нешто во готвењето, а да не зборуваме за оние кои првпат експериментираат во кујна.

Но, не секое уништено јадење треба да се фрли. Не се откажувајте веднаш, бидејќи некогаш може да импровизирате и да го искористите на друг начин.

Распадната торта, загорен зеленчук, недопечена пита – за сè има решение.

Во продолжение неколку трикови со кои ќе ги спасите уништените јадења:

Ако тортата или колачот се распаднат

Исечкајте ја на мали парчиња и сервирајте ја со шлаг и овошје во стаклен сад или чаша.

raspadnata-torta-nedopechena-pita-trikovi-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-02.jpg

Ако зеленчукот загори

Малку загорениот зеленчук при пржење не треба да го фрлите, бидејќи може да го сервирате како додаток. Во медитеранската кујна, ова е одлично дополнително јадење во комбинација со маслиново масло.

raspadnata-torta-nedopechena-pita-trikovi-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-03.jpg

Ако тортата или питата не се испечени добро

Питата која има добиено кафеавкаста боја одозгора, но не е добро испечена внатре, наместо да ја фрлате, премачкајте ја со млеко и покријте ја со хартија.

Ставете метален сад со вода на дното на рерната и ставете ја питата одозгора да се допече.

raspadnata-torta-nedopechena-pita-trikovi-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-04.jpg

Ако сте купиле жилаво месо

Ако мислите дека месото и по печењето ќе биде уште жилаво, тврдо и тешко се џвака, може да го омекнете на три начини наместо да го фрлате:

  • Пресечете на парчиња било какво овошје (круша, јаболка, ананас). При печењето, ставете го месото заедно со парчињата овошје. Тие ќе пуштат сок и месото ќе биде помеко.
  • Оставете го месото да кисне во сок од лимон 30 минути за да биде помеко. Истото може да го направите и со оцет, но така ќе треба да стои цела ноќ.
  • Може да го оставите месото да постои 10 минути и во Coca Cola, а потоа тргнете го, малку исушете го и испржете го со бибер.

raspadnata-torta-nedopechena-pita-trikovi-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-05.jpg

Ако кремот или филот е многу редок

Ако кремот е малку варен, ако има премногу течност и е многу редок, тогаш додадете брашно, ставете го малку во фрижидер или ставете го уште малку на оган за да се згусне.

raspadnata-torta-nedopechena-pita-trikovi-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-06.jpg

Како да спасите изгорена торта или пита

За да не ја фрлате питата која има малку загорена кора или да не се засрамите, наросете ја  со шеќер во прав.

raspadnata-torta-nedopechena-pita-trikovi-kako-da-gi-spasite-unishtenite-jadenja-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
Тешкотии со слабеење и уште 4 знаци дека треба да јадете повеќе (здрави) масти Мастите во храната често имаат лоша репутација. И покрај она што можеби сте го с...
Традиционални јадења од европските земји што мора да ги пробате барем еднаш Не може да одите во Италија, а да не пробате оригинална италијанска маргарита. В...
Кои намирници се безбедни за јадење кога имате киселини во стомакот? Ако сакате оброк богат со протеини, но имате киселини, нема да погрешите со пече...
Како брзо да се ослободите од мирисот на лук по јадење? Покрај џвакањето свеж магдонос, и јаболкото може да ви помогне да се ослободите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg