Една рака кикиритки може да ја разгори страста кај мажите – Намирници за подобар секс

Семките од тиква го зголемуваат либидото кај жените, додека кикиритките се одличен афродизијак за мажите. Кои други намирници гарантираат добар секс?

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-za-podobar-seks-01.jpg

Храната има големо влијае на либидото, па доколку сакате да ја разгорите страста во креветот, тогаш добро размислете што ќе се најде следно во вашата чинија. 

Оваа листа со намирници ќе ви помогне:

Црно чоколадо

Темното чоколадо е богато со фенилетиламин кој е заслужен за зголемено лачење на серотонин - хормон кој го подобрува расположението.

Истражувањата покажуваат дека жените кои често консумираат темно чоколадо имаат подобар сексуален живот од оние коишто воопшто не го јадат.

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-koi-garantiraat-podobar-seks-02.jpg

Кикиритки

Состојката Л-аргинин која е составен дел од кикиритките ја подобрува сексуалната функција кај мажите, па е одличен афродизијак. Една рака кикиритки е доволна за да „запали оган“ кај мажите.

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-koi-garantiraat-podobar-seks-03.jpg

Семки од тиква

Поради нивниот состав, семките од тиква се одличен избор за оние мажи кои имаат проблеми со функцијата на простатата. Содржат и цинк, кој пак е многу важен за подигање на либидото на жената.

Овие семки се богати и со омега-3 масни киселини, кои се битни за генералното сексуално здравје.

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-koi-garantiraat-podobar-seks-04.jpg

Авокадо

Ова тропско овошје содржи големи количини на фолна киселина. Авокадото ја подига енергијата и количеството на здрави масти во телото, со што поттикнува добро расположение.

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-koi-garantiraat-podobar-seks-05.jpg

Аспарагус

Аспарагусот е богат со витамин Б кој го стимулира производството на хистамин, кој пак следствено ја зголемува сексуалната желба и кај жените, и кај мажите.

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-koi-garantiraat-podobar-seks-06.jpg

Боровинка

Уште едно вкусно овошје кое позитивно влијае на нивото на енергија во организмот. Боровинките ги подмладуваат нашите тело и мозок, што благотворно делува на подигањето на либидото.

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-koi-garantiraat-podobar-seks-07.jpg

Лук

Оваа многу здрава храна е моќен засилувач на страста. Лукот е богат со алицин, состојка која ја подобрува циркулацијата и протокотот на крв во гениталиите.

Сепак, поради силниот и непријатен мирис, се советува да не го јадете непосредно пред сексуалниот однос за да не ги уништите расположението и уживањето.

edna-raka-kikiritki-mozhe-da-ja-razgori-strasta-kaj-mazhite-namirnici-koi-garantiraat-podobar-seks-08.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава