Николина од Гостивар живее во Австрија: „Тука е преубаво, но ми недостига нашата храна и да излезам со пријателите без да закажувам термин“

„Тука најмногу ми се допаѓа што луѓето се културни и самосвесни за природата, па претежно секаде е чисто. Но, најмногу ми се допаѓа нивната култура за спорт – тука скоро сите спортуваат. Не е важно на која возраст се, во 6 часот кога одам на работа гледам како трчаат и тоа е сосема нормално за нив“ - вели за CRNOBELO.com Николина Матеска, која живее во Линц, Австрија, а посетила и спектакуларен глечер, кој се топи и нема да постои поради климатските промени.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-01.jpg

Николина Матеска (33) од Гостивар веќе две години живее во Австрија, во градот Линц. По професија дипломиран политиколог, оваа млада жена во Австрија запиша мастер студии за менаџмент, на отсекот човекови ресурси.

Освен што студира, таа моментално работи и како менаџмент асистент за истражување на пазарот.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-23.jpg

Зошто решила да си замине од родната земја, за животот во Австрија, но и што најмногу ѝ недостига од Македонија, таа раскажа во разговор за CRNOBELO.com:

Зошто реши да се преселиш во Австрија?

Моја цел беше да заминам од мојата земја каде било, само да е тоа некоја европска развиена земја, па случајно се одлучив за Австрија. А и некако блиску ми е до Македонија.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-21.jpg

Како би го опишала животот таму? Кои се најубавите, а кои најнеубавите работи поврзани со животот во Линц?

Тука животот е многу поразличен отколку кај нас и тоа може веднаш да се забележи.

Луѓето тука си ја гледаат својата работа и не се интересираат воопшто за другите. Доколку не ги прашаш или не побараш помош од нив, тие сами нема да се понудат.

Тука најмногу ми се допаѓа што луѓето се културни и самосвесни за природата, па претежно секаде е чисто. Но, најмногу ми се допаѓа нивната култура за спорт – тука скоро сите спортуваат. Не е важно на која возраст се, во 6 часот кога одам на работа гледам како трчаат и тоа е сосема нормално за нив.

Но, постои една работа која не ми се допаѓа тука, а тоа е нивна ладна страна – не се дружат многу со непознати, имаат свој мал круг и кон другите луѓе гледаат со резерва.

Воопшто не се отворени за нови познанства, па затоа тука имам претежно интернационално друштво.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-04_copy.jpg

Имаш ли пријатели со кои можеш во секое време да излезеш на кафе „сега и веднаш“, а не да се договарате за викенди или со денови однапред?

Како што кажав, овде претежно работиме со термини, па од денес договораме кафе за викенд или за следен викенд.

Ретко се случува сега да се слушнеме и денес да излеземе, бидејќи претежно сите сме со обврски.

А и Линц е голем град, па додека да дојдеме на местото тоа одзема доста време.

Тука не практикуваме да одиме на кафе како кај нас и искрено ми недостига тоа дружење со моите пријатели од Македонија.

Овде најчесто дружбата е за вечера или одење на ручек.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-22.jpg

Какви се Австријците? Дали се студени како што делува од страна?

Австријците се луѓе кои немаат осет за мода, меѓутоа и тоа како имаат осет за спорт.

Тука на секој чекор можеш да најдеш спортски продавници.

Дефинитивно тие се студени луѓе, не комуницираат премногу, но кога ќе побараш помош од нив, тука се за да помогнат колку што можат.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Катерина живее на Малта: „Ја напуштивме Македонија со две мали деца, воопшто не беше лесно“ „За Малта заминавме со 2 деца, Петар (6) и Огнен Георги (1) и не можам да кажам ...
Вирџинија Ристеска: „Јордан е најбезбедната арапска земја, а во изгубениот град Петра губиш чувство ... Јордан не само што е најбезбедната арапска земја иако се наоѓа во ова конфликтно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg