Македонијо, убава си! Недопрената природа на Јабланица, низ објективот на Александар Менкиноски
Но, секое зајдисонце кратко трае. Позади мене се наоѓаше еден панорамски поглед на градот Струга со Охридското Езеро, кој успеав да го доловам.
После тоа го уживав зајдисонцето со погледот кон дворот на манастирот.
Во меѓувреме, вниманието ми беше одземено од последните сончеви зраци кои низ долината допираа до ова дрво.
Веднаш потоа тоа сонцето веќе беше паднало зад планината. Изгледаше токму вака...
Откако сонцето падна, уште после една фотографија започна крајот на моето искачување и пред да се вратам кај манастирот ја направив оваа фотографија:
Слегувањето покрај што беше исцрпувачки, исто така беше долго временски.
Па, кога бев веќе слегол во дворот на манастирот, ноќта беше веќе подолго настапила. Над мене се гледаше млечниот пат, кој делумно успеав да го доловам вака. Фотографија со која заврши мојата авантура, дента пред празникот Голема Недела.
Нешто повеќе за самиот празник ќе може да слушнете во мојата наредна фото приказна, а дотогаш најтопло ве поздравувам“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: Александар Менкиноски