Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате да се вратите“

„Првата година по преселбата е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина не знаете што ви се случува, почнувате нов живот од нула. Често сте на граница да се вратите назад дома. Сè ви е непознато. За среќа, за новодојдените има две македонски цркви“, вели Вера Радески (33) од Скопје за животот во Чикаго.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-01.jpg

Вера Радески (33) од Скопје веќе 3 години живее во Чикаго, во државата Илиноис, САД.

Таа работи во рамки на транспортната индустрија и активно се занимава со трчање.

Нејзиното семејство, мајка ѝ, сестра ѝ и внуката Тара, сè уште живеaт во Скопје, но се посетуваат во текот на годината во зависност од можностите.

За CRNOBELO.com таа споделува детали од животот во Чикаго:

Зошто токму САД, односно Чикаго? Од каде оваа идеја и колку години живееш таму?

Моето емигрирање во САД беше сосема непланирано и неочекувано, едноставно во еден момент добив можност да се преселам во Чикаго и сакав да пробам и да го искусам животот тука, иако дотогаш за Америка знаев само од филмовите.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-02.jpeg

Најде ли лесно работа?

Да бидам искрена имав почетничка среќа, така што се најдов во вистинско време на вистинско место.

По препорака на моја познаничка имав интервју за работа веднаш по пристигнувањето во Чикаго и со работа започнав по три дена.

Работам на логистика во компанија за транспорт, како и повеќето наши сонародници тука.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-13.jpeg

Каде поточно живееш? Те прифатија ли добро?

Моментално живеам во предградието на Чикаго, далеку од градскиот хаос и гужви, во мирен и убав крај.

Компанијата каде што работам ми е блиску до домот, па така беше подобра опција од живеење во градот.

Што се однесува општо на прифатеноста од луѓето - воопшто немав никаков проблем. Тие се навикнати на постојано нови доселеници и ја разбираат нивната состојба – непознавањето на работите, потешкотиите во комуникацијата на англискиот јазик, чудните навики од културата од местото каде што доаѓаат и сл.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-04.jpeg

Колку долго траеше прилагодувањето на новиот живот?

Морам да кажам дека имав огромен благослов да се најдам во компанија со прекрасни колеги и работодавачи, кои низ целиот процес на моето прилагодување тука, беа трпеливи и спремни да одговорат и на најнелогичното мое прашање и да ме упатат во сè.

Морам да истакнам дека без нивна поддршка тешко дека толку успешно и брзо ќе се прилагодев на новата средина и ќе ги совладав потешкотиите кои ги носи тоа.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-16.jpeg

Првата година е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина не знаете што ви се случува, почнувате нов живот сосема од почеток.

Учите да зборувате, да се однесувате, да се осамостојувате.

Учите како да се справите со носталгијата и бурата на емоции, предизвикана од тешкотиите на целиот процес. 

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-10.jpeg

Таа прва година често сте на граница да се вратите назад дома. Сè ви е непознато, а толку пространо и големо.

Мене лично ми требаше период околу година и пол, во која три пати бев во Македонија, и како на шега можам да кажам дека потсетувањето на тоа како функционира системот таму, доста ми помогна да се помирам со фактот дека сум се фатила на орото и дека морам да го изиграм до крај.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-17.jpeg

Има ли многу Македонци? Се дружите ли?

Да. Изненадена сум колку Македонци и општо колку Балканци има во Чикаго.

Воопшто не се чувствува дека сте во некоја туѓа земја, освен доколку сами не одлучите да се дистанцирате.

Каде и да одам среќавам по некој човек од нашето говорно подрачје.

За новодојдените има две македонски цркви, една во градот и една во предградието, каде што луѓето може да се запознаваат меѓусебе преку различни настани кои се организираат на ниво на Македонскиот културен центар во просториите на банкет салите кои се наоѓаат во склоп на црквите.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-21.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
На одмор со Ива Спасовска во камп во Амуљани: „20 години имаме приколка таму, од Скопје се стигнува ... „Приколката е оставена во кампот преку целата година. Но, веќе е многу тешк...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...

Најчитани неделава