Мими од Скопје за автобуската тура во Јужна Италија: „Патувавме со траект до Бари, спиевме во Неапол, а се вљубив во Амалфи“
Зборови мислам дека не можам да најдам за да ја доловам убавината, па ќе оставам фотографиите да зборуваат и да ве маѓепсаат.
Наредниот ден беше предвиден за посета на Алберобело, град кој воодушевува со својата специфичност. Познат е по своите трули, варосани камени колиби со конусни покриви.
Имавме доволно време да прошетаме низ уличките со бројни ресторани и да уживаме во погледот со омилениот Аперол.
Патувањето во Јужна Италија заврши во Бари, каде се упативме на брод кон Драч.
Можам да кажам дека за непланирано патување идејата за патување преку агенција ни излезе како полн погодок.
Исто така, не можевме да посакаме поубаво време да нè следи низ овие неколку дена кое, секако, уште повеќе ни дозволи да уживаме максимално во убавите предели.
Јужна Италија е навистина убава, останаа уште многу места да се посетат и да се планираат за некое следно патување“.
Повеќе фотографии од патувањето на Мими:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





