На одмор со Антониа Гиговска во ресорт: „Бевме на Халкидики, имаше многу забава за деца, Киан си најде девојка“
За сето време додека бевме во ресортот, Киан најмногу сакаше да биде во вода и да го „шпарта“ цел хотел.
Си најде три другарчиња, а си најде и девојка.

Дневната рутина ни беше иста секој ден - само што ќе станевме одевме да појадуваме, па од таму на плажа за да видиме дали има место, а ако немаше, одевме на базен.
Инаку, Киан јаде сè, па немавме проблем со храната за него. Само, во последно време се молиме за да јаде.
За спиење, доволно беше да е во вода, на базен или на плажа да се измори, па веднаш си заспиваше.

Тој сè уште е мал за да плива сам, па сега сме со гума.
Пробавме со елек или со мускули, но пропаѓа во вода и се превртува, ха, ха.

Немавме никаков проблем со алергии на сонце, црвенила, инсекти, фала му на Господ, освен што нè изедоа комарци.
Затоа, моја препорака за сите што одат во ресорт да уживаат и да не се замараат со ништо, едноставно да се опуштат“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
