На одмор со Катарина Ивановска на катамаран: „Јас готвев, спиевме под ѕвезди, диви свињи сакаа да ни влезат во чамчето“
Додека бевме на патувањето, не знаевме кога ќе дува ветер и колку силно, па зависно од временските услови, преноќувавме во диви заливи.
Тоа за мене беше најубавото и најмагичното нешто - да заспиеш на отворено, под огромно небо со преубави ѕвезди.
Една ноќ спиевме на палубата, а една ноќ се случи да бидеме само ние во заливот што го одбравме за преноќување, без ниеден брод до нас.


Тоа е вистински луксуз за мене - да уживаш сам во природа, а не опкружен со јахти или ти да си на јахта или во некој хотел со 5 ѕвезди.
Ова што го доживеав е вистински луксуз, со пријатели, добро друштво, добра храна, море, слобода, ѕвезди, сонце...


Интересно беше кога на островот Аконос наидовме на диви свињи, па ги храневме.
Сакаа да се качат во чамчето, па почнавме да врескаме.
Многу се смеевме потоа и тој момент би го издвоила како интересен.


Ги видовме и преубавите плажи на островот Скорпиос, кој беше на Аристотел Оназис, но некоја негова внука го продала на руски милијардер.
Па сега, за жал, тој не може да се посети, освен само една феноменална плажа, која има преубава куќа на самиот брег, а тоа е куќата на Џеки Кенеди, и е еден вид на туристичка атракција.


