На одмор со Катарина Ивановска на катамаран: „Јас готвев, спиевме под ѕвезди, диви свињи сакаа да ни влезат во чамчето“
Бевме и до Фискардо, едно малечко, преубаво симпатично гратче на Кефалонија, има преубави ресторанчиња, мали автентични продавнички со сувенири, со грчки мед, маслиново масло и грчки вина.


Времето нè послужи, а нè послуша и морето и беше мирно.
Вториот ден испловивме од Сивота и пловевме кон Порто Кацики, имаше бранови и тогаш првпат почна да ми се лоши, но траеше кратко.
Јас немав проблем на брод, туку имав проблем кога ќе застаневме на копно.
Додека пловевме и имаше бранови, не ми пречеше. Можев и да готвам, и да јадам, и да им носам пијачки, вода, овошје...
Но, штом ќе излезевме на копно, ќе седневме на вечера, почнуваше страшно да ми се врти и да ми се лоши.
Тоа траеше 4 дена, а од петтиот почна да се намалува, а на седмиот ден веќе заврши, што значи дека сум го победила и тоа чудо, па следна година се надевам дека нема да имам мачнини.


Пловењето со катамаран нема никакви негативни страни.
Сè е позитивно и не би кажала дека има некакви мани.
Собите за спиење можеби се потесни, но тоа е едно преубаво, авантуристичко искуство и не би го заменила за некое друго.


А најпозитивно е што ги гледаш оние убавини што можеш да ги видиш само на фотографија, зашто не можеш да стигнеш по копнен пат до тие плажи, туку само со чамец, брод, едрилица“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
