Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има многу Македонци“
Магијата на Менхетн е…
Магијата на Менхетн лежи во неговата неизмерна енергија и космополитски дух. Таму чувствуваш дека целиот свет е пред тебе – секој човек носи своја приказна, своја страст и сите тие приказни се преплетуваат во една живописна динамика што го прави градот навистина единствен.
Менхетн е место каде што секој чекор, секој звук и секој поглед инспирира и потсетува дека сè е можно.

Како е да се растат деца во САД? Како изгледа образованиот процес?
Да се одгледуваат деца овде значи да им се даде пристап до доброорганизиран образовен систем, кој не само што се грижи за академскиот прогрес, туку и ја охрабрува креативноста, го поддржува и мотивира спортскиот дух и го поттикнува развојот на социјалните вештини.
Вредностите на труд, упорност и шанса за индивидуален напредок се дел од секојдневното воспитување.

Често одиш на патувања со пријателките, колку ова е практика во САД? Каде леташ најчесто?
Да, тоа е нешто што во Америка се негува како начин за одржување на личниот баланс.

Патувањата во Мајами, Лас Вегас, Мексико или карипските острови со пријателки ми носат нова енергија.
Времето ни е исполнето со смеа, нови приказни, доживувања и спомени што траат засекогаш.

Кои се најинтересните настани кои си ги посетила досега?
Особено ми значат концертите на познати имиња од светската музичка сцена, NBA натпреварите, незаборавните вечери на Бродвеј, а посебно доживување беше присуството на Формула 1 трките во јуни оваа година.

Кои места во САД ти се омилени?
Моите омилени места во САД се комбинација од градска енергија, културни искуства и природна убавина.
Њујорк е секогаш на врвот на мојата листа – град што пулсира со живот, каде секој агол носи ново доживување.

Мајами е место каде комбинацијата од постојано сонцето, топлина и океан привлекуваат и се интересни секој ден од годината, а Лас Вегас го обожавам поради неговата возбуда, гламур и неповторлив ноќен живот.

