Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање со деца, но доживувањето е незаборавно“
Би се вратиле ли повторно со дете и дали го препорачуваш за патување на други семејства со деца?
Сигурно би се вратиле во Њујорк. Тоа е град кој не може да се спореди со ниту еден друг и секогаш нуди нешто ново за доживување.
Сепак, не би го препорачала како дестинација за семејства со мали деца. Темпото е брзо, растојанијата се големи, а самиот град бара многу енергија и флексибилност.
За родители со помали деца, тоа може да биде вистински предизвик и стрес наместо одмор.
Њујорк е прекрасно искуство, но најубаво се доживува кога детето е малку поголемо и може вистински да ужива во сите негови чуда.

Совети за сите кои сакаат да патуваат со деца на подалечни дестинации, а дополнително и доколку имаш конкретни совети за Њујорк...
Патувањето со дете, особено на подалечни дестинации, бара трпение, флексибилност и добра организација, но пред сè, правилен став.
Најважно е да се прифати дека не може сè да оди според план и дека тоа е сосема во ред.
Детето го чувствува расположението на родителите, па доколку вие сте смирени и позитивни, и него ќе му биде полесно да се прилагоди.
Советувам секогаш да се носи минималистички, но паметно и само она што е навистина потребно: лекови, омилена играчка, грицки и нешто што ќе го забавува за време на патувањето.
Добро е и однапред да се истражат паркови, детски простори или активности што можат да му бидат интересни на детето, за да има баланс меѓу вашите и неговите интереси.
Кога станува збор за Њујорк, најголемиот совет би бил да не се обидувате да видите сè за кратко време.
Градот е огромен и полн со доживувања, па вреди да се изберат само неколку клучни знаменитости и да се остави простор за спонтани моменти.
И најважното нешто на кои и ние се трудиме да се држиме е тоа дека патувањето треба да биде авантура и уживање, а не само трка со времето.

Повеќе фотографии од патувањето:





Погледнете и Во домот на Дијана во Германија: Стан од 75м2 уреден според Монтесори – со мини тоалет, сушара и едукативни играчки
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
