Вероника, Русинка омажена во Скопје: „Во Москва бев маѓепсана од државната болница, беше шок во однос на Македонија“
- Детали
- четврток, 12 март 2026
„За жал, поради нарушеното здравје на мајка ми бев во родната Москва, но не можев ни да замислам дека тоа што видов беше обична државна поликлиника, ме удри културен шок после македонските амбуланти“, вели Вероника и комплетно ја доловува состојбата на здравството во Русија за CRNOBELO.com.

Вероника Самохина е родена во Москва, а од 2008 година живее во Македонија.
Тука ја донела љубовта. Во брак е со Македонец и имаат две дечиња.
Нејзино хоби е правењето букети, а делата ги споделува кај неа на Инстаграм.

Во последно време таа почесто ја посетува родната Москва, за жал, поради здравствени проблеми на нејзината мајка.
Но, во целата тешка ситуација вели дека светла точка ѝ се неверојатните болници во Москва и условите кои ги има таму, а се драстично различни од оние во Македонија.

Вероника споделува детали за здравствениот систем во Москва:
„Во февруари отидов во Москва, во мојот роден град, поради здравствени проблеми на мојата мајка, која живее таму.

Досега, кога одев таму, немав потреба да одам по болници и поликлиники, но сега во последните 2-3 години, за жал, постојано одам.

И знаев дека беше направена реформа во здравството, односно дека се реновирани 221 поликлиники за возрасни и 149 детски (деца до 14 години се прегледуваат во детски поликлиники)...
Градот вложи многу во модернизација на објектите и дигитализација на медицинските услуги, но не можев ни да замислам дека тоа што видов беше обична државна поликлиника, па ме удри културен шок после македонските амбуланти.

Прво, што почувствував е позитивна енергија.

Ме дочека убаво уредена амбуланта со мирис на кафе и чај, работници со насмевка на лице и бидејќи сè е дигитално, секогаш има асистенти што ќе помогнат на сите, посебно на постари лица, на пример за да закажат термин преку специјални монитори.

Инаку, мојата баба, која има 85 години, веќе со затворени очи може да куца и ги знае сите можни опции.

Исто така, на мобилен телефон секој жител си има апликација со електронски здравствен систем што ги обединува сите медицински податоци на пациентот во една база.
Секогаш се достапни за пациентот резултати од сите прегледи, лабораториски анализи, можност за брза помош...
