Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана ракија“

„Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов планини. Останав без здив. Во Москва треба да леташ со авион во друг град за да видиш такво нешто. Природата тука е прекрасна, јас после толку години уште не можам да се изначудам колку убава земја е Македонија. Второ, кога седнавме да каснеме во ресторан и ни донесоа јадење, јас реков: „Ова нема шанси да го изедам“, затоа што порциите се огромни...“, раскажува Вероника (37) oд Москва за CRNOBELO.com, на која Скопје ѝ е дом веќе 14 години.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-01.jpg

Вероника (37) е родена во Москва, а од 2008 година живее во Македонија. Тука ја донела љубовта. Во брак е 14 години е со сопругот Македонец и имаат две дечиња на возраст од 10 и 6-годишна возраст.

Вели дека ја обожава Македонија и со задоволство ги готви македонските јадења.

Вероника за CRNOBELO.com ја споделува својата животна приказна:

Што те донесе во Македонија, а што те задржа тука?

Во далечна 2004 година, кога имавме само по 19 години, се запознав со мојот сопруг во Бугарија во дискотека, бев дојдена на одмор со мојата другарка од Москва, и од таму започна нашата приказна.

Се знаевме само 3-4 дена и веднаш сфативме дека мора да се видиме повторно. Ме покани да дојдам кај него на гости во Македонија, и јас без да размислам купив авионски билет и за време на зимскиот распуст на факултет, дојдов овде на 1 месец и таа зима сфатив дека срцето ми остана во Македонија засекогаш.

Цели 4 години одевме наваму натаму, се гледавме во Скопје и во Москва, беше тешко заради далечината, колку солзи беа пролиени по аеродромите … Потоа кога јас завршив факултет, решивме да живееме во Македонија.

Во 2009 година направивме свадба, тогаш и почнавме да градиме и куќа, а по 2 години ни се роди ќерка, а по 4 години и синчето. Нашиот пат за да имаме сè што имаме сега не беше лесен, ние се соочувавме со неразбирање, предавство и завист, но да се биде со личност која совршено те разбира, безусловно те сака е најголема среќа во животот и тоа ни даваше сила да одиме само напред.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-29.jpg

Од каде потекнуваш, до колку години живееше во Русија и какви спомени носиш оттаму?

Јас потекнувам од Русија, Москва, до 23 години живеев таму пред да се преселам во Македонија. Спомени за мојот роден крај имам, секако, најубави – детството го поминав таму со мојата мајка, баба ми и со моите другари.

Баш пред некој ден зборував со една другарка и се сеќававме како во училиште имавме физичко и секоја зима тоа беше скијање во паркот до училиштето. Наставничката беше многу строга и нè тераше да скијаме многу километри без пауза, а ние едвај се влечкавме од што ни беше мачно, и така од тогаш воопшто не ги сакам ски.

Се сеќавам и на многу студени зими кога не одевме во училиште поради студот, тогаш бевме пресреќни и пак одевме надвор, но со другарчињата со санка.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-22.jpg

Зошто за Москва имаш само најубави зборови?

Москва е огромен, неверојатен град. Градот кој никогаш не спие, каде што речиси сè работи 24 часа, сите се брзаат за некаде постојано и град каде што можеш да потрошиш буквално цел ден за да стигнеш од едно место до друго.

Во текот на изминатите 15 години, Москва радикално го промени својот изглед, стана помодerна, но, сепак, не го изгуби својот шарм, кој привлекува сè повеќе туристи. Традициите на Москва се непоколебливи, дури и во изгледот на градот, зачувани се карактеристиките својствени за него од памтивек.

На секој му посакувам да има шанса во животот да го посети овој преубав град.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-04.jpg

Каков ти беше првиот впечаток за Македонија?

Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов планини. Останав без здив.

Во Москва треба да леташ со авион во друг град за да видиш такво нешто. Природата тука е прекрасна, јас после толку години уште не можам да се изначудам колку убава земја е Македонија.

Второ, кога седнавме да каснеме во ресторан и ни донесоа јадење, јас реков: „Ова нема шанси да го изедам“, затоа што порциите се огромни.

Трето што ми остана како впечаток беа цените, тогаш пред 17 години хамбургер чинеше 50 денари, тоа ми беше дури смешно, сепак, Москва е скап град, и за 50 денари ако ги сметаш во рубли не може да се купи речиси ништо.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-36.jpg

Колку животот во Македонија е поинаков од животот во Русија?

Животот во Македонија е сосема поинаков отколку во Русија, посебно во Москва. Луѓето секогаш се брзаат за некаде, немаат време да се видат со другари, да пијат кафе, сè е на брзање.

Овде сите се по кафулиња од наутро до вечер, лабаво ја работат и работата, а во Москва го нема тоа. Ако не ги завршиш своите обврски во тек на денот, ќе останеш на работа до ноќ, тоа е нормална пракса во Москва човек да се врати дома во 23 часот навечер од работа. Овде ретко се гледа такво нешто.

И секако, слободата, што ја има овде, ја нема никаде, тоа многу ми се допаѓа.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-20.jpg

Што ти се допаѓа најмногу тука?

Најмногу овде ми се допаѓа дека зимата не трае долго и повеќето денови се сончеви, после живеење години во студена земја за мене тоа е огромен плус. Ми се допаѓа и дека луѓето се тука со сроден менталитет, сепак нашите земји се православни, има влијание и тоа.

Многу ми се допаѓа квалитетот на овошје и зеленчук, во Москва сè што ќе купиш како да е од пластелин, нема вкус.

Тоа се основни работи, можам да набројам уште многу дека навистина многу ја сакам Македонија дури и со сите нејзините недостатоци.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-15.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg