Вероника, Русинка омажена во Скопје: „Во Москва бев маѓепсана од државната болница, беше шок во однос на Македонија“

Сè е направено децата да не се почувствуваат дека ќе ги мачат и во болница реткост е да видиш некое дете да плаче.
Некое си пие какао со слатко лепче во бифе, некое си зема подарок од специјален автомат (подарокот се дава за посета кај доктор без плачки), некој си игра со вовче, мирна и убава атмосфера навистина.

Во поликлниките низ Москва особено се внимава на редот и хигиена, па во сите установи има гардеробер, каде пациентите можат ја остават јакната или палтото при влез.

Исто така, при посета, најчесто е задолжително да се стават заштитни болнички навлаки на обувките.

Уште една важна работа што би сакала да ја додадам е дека ако пациент е болен и не може да дојде сам во поликлиника, тогаш матичен доктор доаѓа дома сам во тек на денот кај него (и тоа е сосема бесплатно).
Му прави преглед, препишува лекови и дава оправдание за отсуство од работа или школо.

За крај, јас на сите ви посакувам да ја посетите прекрасната Русија, држава со многу богата историја, да прошетате по снегот и да почувствувате вистинска зима со -30 степени, да испиете топол чај и да пробате пељмени…

Ама во поликлиника да влезете само од љубопитност, не од мака!“


Прочитајте и Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана ракија“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
