Kристина (26) од Ресен живее на Малдиви: „Водич сум, нуркам со ајкули, се дружам со локалците - им донесов и бело сирење“

Работи кои треба да ги знаеме пред да дојдеме на Малдиви?

Малдивчаните се исклучително добродушни, гостопримливи, насмеани и со лесен чекор – се чини како да лебдат.

Поседуваат длабоко знаење за океанот и подводниот свет, секој знае да риболови, скоро секој знае да вози брод и да нурка по 30-40 метра на здив.

Имаат култура која е длабоко поврзана со религијата, иако биле Будисти до пред 800 години – сега Исламот е од клучно значење на сите сфери во животот на Малдиви. Битно им е да ја почитуваме нивната култура и начин на живот.

А што се однесува до алкохол, го има во државата и на приватни острови, а и во бродови кои се користат за легална консумација на алкохол и забава. Така што, го има насекаде – само треба да се распрашате за да го најдете.

За крај би сакала да ги поканам сите авантуристи кои уживаат во тропска, егзотична природа, се чувствуваат привлечени од моќта на океанските искуства и автентичен, бавен, различен начин на живот – дојдете да се дружиме и да креираме незаборавни моменти заедно!

 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...

Најчитани неделава