Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пливав со ражи“

Освен природата, ми се допадна и локалната култура и храната. Јас секогаш кога патувам сакам да испробувам локални специјалитети, малку бегам од онаа интернационална кујна што веќе ни е позната на сите.
Туна и кокоси има во изобилие, па затоа се подготвуваат на различни начини и во комбинација со различни состојки.

Една од најинтересните активности ми беше и собирањето и отворањето кокоси на островот Тинаду, мислам дека сè уште го чувствувам вкусот на свеж кокос во устата.
Секако, не правиме ништо и без зачините - тие се неизоставен дел од скоро секој специјалитет.

Омилениот ручек ми беше на локалното островче Кејоду, подготвен од скромно семејство со многу љубов и свежи состојки: пржена локална риба, ориз со димена туна, кари супа, гарудија, пападам, сладок компир, пржени моринга ливчиња... Мевлем за стомак.


Бидејќи станува збор за целосно муслиманска држава, на голем дел од локалните плажи и острови не е дозволено шетање и капење во бикини, тоа е правило што сите го почитуваат, и локалци и туристи.

За крај, можам да кажам дека иако отидов очекувајќи рајски плажи и луксуз, се вратив со многу повеќе.

Мислам дека Малдиви се дестинација што секој може да ја доживее на свој начин, во зависност од индивидуалните желби и потреби.
За некого тоа е дестинација за меден месец, за некого бавен одмор, но за мене се вистинска авантура и бегство од реалноста и секојдневието во кое живееме.

Сите мои патувачки авантури можете да ги следите на мојот Инстаграм профил @isidorazdravkovska“.

