На одмор со семејството Гаќидеви на Пелопонез: „Морето е посвежо од краците во Грција, патувавме 9 часа од Скопје“
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
„До таму стигнавме со автомобил за околу 9 часа од Скопје. Нормално, со две деца имаше паузи за тоалет, кафе, грицки, па сладолед, па уште еден сладолед, ама патот е одличен и навистина не се чувствува толку долго. А таму многу ни се допадна гратчето Патра“, велат Коста и Александра Гаќидеви од Скопје за CRNOBELO.com.

Коста Гаќидев (35) и Александра Гаќидев (35) од Скопје се авантуристички пар со две деца, кој обожава патувања.
Нивните ќерки, Елена (6) и Јоана (3), се нивни верни придружнички секаде.
Коста работи како Order Management and Logistics Specialist во STIHL Македонија и основач e на „Каде за Викенд“, од Скопје, а Александра работи како Team Lead | Customs Application Support Analyst, сопственик на Mamma Prenatal и ко-основач на Mama Krug, од Скопје.
Како четиричлено семејство тие велат: „Сакаме да патуваме и да откриваме дестинации кои се прилагодени за семејства со мали деца, а Пелопонез беше едно од нашите најубави семејни искуства“.
За CRNOBELO.com тие го споделуваат своето искуство:
„Ако треба со еден збор да го опишеме нашиот одмор на Пелопонез – би рекле „уживање“.

Оваа година бевме сместени во Porto Rio Hotel и искрено, уште првиот ден си рековме дека сме направиле добар избор.

Хотелот има приватна плажа со чиста вода и преубав поглед, особено навечер кога сонцето заоѓа.

Морето е малку посвежо отколку на краците во Грција, ама баш тоа ни беше освежување на жештините.

Ние бевме сместени во бунгаловите покрај хотелот и многу ни се допаднаа.
Имавме повеќе мир и приватност, голема тераса за утринско кафе и доволно простор за сите наши работи (а кога патувате со две деца, знаете колку многу работи има).

Најголем плус за нас беше што хотелот е all inclusive.

Искрено, со две мали деца тоа многу значи. Не размислуваш што ќе јадат, кога ќе огладнат, дали да купиш вода, сокче или сладолед. Сè ти е тука и можеш навистина да се опуштиш.

Хотелот има два големи базени и мислам дека децата ќе живееја во нив ако им дозволевме.
