На одмор со семејството Гаќидеви на Пелопонез: „Морето е посвежо од краците во Грција, патувавме 9 часа од Скопје“
Имаше и детски игралишта, анимација преку ден, игри во вода, а секоја вечер мини диско.
Нашите беа воодушевени и едвај чекаа да почне програмата. А додека тие играа, ние уживавме во квизови и семејни игри кои навистина беа забавни.

Една од работите што најмногу ни се допадна беше што на само неколку минути е Патра. Многу живо и убаво гратче, со преубаво шеталиште покрај море, кафулиња, ресторани и пристаниште полно со живот.

Навечер атмосферата е баш медитеранска – луѓе шетаат, деца си играат, сите седат на кафе или сладолед и некако сè е опуштено.

Ама ако некој ме праша што најмногу ќе ми остане во сеќавање, тоа дефинитивно се зајдисонцата.

Буквално секоја вечер застанувавме по неколку минути само да го гледаме морето и небото како ги менуваат боите. Едни од најубавите зајдисонца што сме ги виделе.

До таму стигнавме со автомобил за околу 9 часа од Скопје. Нормално, со две деца имаше паузи за тоалет, кафе, грицки, па сладолед, па уште еден сладолед, ама патот е одличен и навистина не се чувствува толку долго.

Пелопонез искрено нè изненади. Многу поопуштен од некои други места во Грција, прекрасна природа, убави плажи и супер избор за семеен одмор.

Ние си поминавме преубаво и дефинитивно би се вратиле повторно“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело