На одмор со Јасмина на Сардинија: „Островот бара многу возење, 5 дена не се доволни, плажите се како на Инстаграм“

Следниот ден го резервиравме за истражување на североисточниот дел на Сардинија – регионот познат како Коста Смералда, каде се наоѓаат едни од најлуксузните летувалишта и најубавите плажи во Италија.

Првата станица беше La Impostu, плажа која многумина ја нарекуваат „Карибите на Европа“. Уште при пристигнувањето станува јасно зошто.

Долга песочна плажа, плитко тиркизно море и поглед кон островот Таволара создаваат совршена разгледница.

До плажата се пристигнува лесно со автомобил. Има организиран паркинг, лежалки, чадори, барови, тушеви и тоалети, па е одличен избор за целодневен престој. Исто и на оваа плажа потребна е претходна онлајн резервација.

na-odmor-so-jasmina-poposka-na-sardinija-ostrovot-bara-mnogu-vozenje-5-dena-ne-se-dovolni-a-plazhite-i-moreto-se-kako-na-instagram-13_copy.jpg

Од таму продолживме кон Олбија, град кој за многумина е само аеродром, но всушност заслужува барем неколку часа.

Центарот е исполнет со убави плоштади, кафулиња и ресторани, а главната улица Corso Umberto е идеална за прошетка, кафе или краток шопинг.

Олбија е и главната порта кон Коста Смералда, па речиси сите туристи минуваат низ неа.

По кратката пауза тргнавме кон една од најфотографираните плажи во Сардинија – Spiaggia del Principe.

Автомобилот се остава на организиран паркинг, по што следува десетина минути лесно пешачење по земјена патека низ мирислива медитеранска вегетација. Патеката не е тешка, но задолжително понесете вода, особено во летните горештини.

na-odmor-so-jasmina-poposka-na-sardinija-ostrovot-bara-mnogu-vozenje-5-dena-ne-se-dovolni-a-plazhite-i-moreto-se-kako-na-instagram-18.jpg

Кога ќе стигнете, пред вас се отвора глетка што тешко се заборава – ситен бел песок, гранитни карпи и кристално чисто море во сите нијанси на тиркизна и смарагдно зелена боја.

Плажата е природна, без големи објекти, токму затоа го задржала својот автентичен изглед.

Денот го завршивме во Порто Черво, најпознатото место на Коста Смералда и симбол на луксузниот туризам во Италија. Иако е мало, Порто Черво остава силен впечаток.

Марината е исполнета со јахти вредни милиони евра, улиците се полни со бутици на најпознатите светски брендови, а рестораните и хотелите се меѓу најлуксузните во Европа (Novikov, Zuma и сл.).

Дури и ако не планирате шопинг, прошетката покрај пристаништето вреди секоја минута. Тука цените се доста високи, пример во познато кафуле (Nikki Beach) за сок од ананас, тоник-грејпфрут и голема флаширана вода сметката беше 58 евра.

na-odmor-so-jasmina-poposka-na-sardinija-ostrovot-bara-mnogu-vozenje-5-dena-ne-se-dovolni-a-plazhite-i-moreto-se-kako-na-instagram-05.jpg

Турата со брод до La Maddalena е искуство што не треба да се пропушти. Ако има едно нешто што сите локални жители ќе ви го препорачаат, тоа е турата со брод до архипелагот La Maddalena.

Овој национален парк се состои од повеќе острови и важи за едно од најубавите места во цел Медитеран.

Во зависност од тур-операторот, еднодневните тури обично траат од 7 до 8 часа и вклучуваат неколку застанувања за капење на плажи и лагуни со неверојатно проѕирна вода, како и посета на островот La Maddalena.

 Во летната сезона цените најчесто се движат од 50 до 80 евра по лице, зависно од тоа дали се работи за голем туристички брод, помал брод или гумен чамец (RIB).

Наш совет е турата да ја резервирате уште пред патувањето или веднаш по пристигнувањето во Сардинија. Во јули и август местата се распродаваат многу брзо и често веќе нема слободни термини неколку дена однапред. 

na-odmor-so-jasmina-poposka-na-sardinija-ostrovot-bara-mnogu-vozenje-5-dena-ne-se-dovolni-a-plazhite-i-moreto-se-kako-na-instagram-04_copy.jpg 

Запомнете, на најпопуларните плажи пристигнувајте пред 9 часот наутро бидејќи паркинзите брзо се полнат.

Понесете готовина за паркинзи и помали барови на плажа. Не потценувајте ги растојанијата – иако изгледа мал остров, Сардинија бара многу возење. 

na-odmor-so-jasmina-poposka-na-sardinija-ostrovot-bara-mnogu-vozenje-5-dena-ne-se-dovolni-a-plazhite-i-moreto-se-kako-na-instagram-17.jpg

 По пет дена сфативме една работа – Сардинија не е дестинација што се разгледува на едно патување. 

Секој ден откривавме нова плажа која изгледаше уште поубаво од претходната, нов град со своја приказна и нови пејзажи што тешко се забораваат. 

Ако барате комбинација од спектакуларни плажи, одлична италијанска храна, шармантни медитерански градови и патување што ќе го паметите долго, тогаш Сардинија е вистинскиот избор. 

na-odmor-so-jasmina-poposka-na-sardinija-ostrovot-bara-mnogu-vozenje-5-dena-ne-se-dovolni-a-plazhite-i-moreto-se-kako-na-instagram-02.jpg

Само имајте на ум едно – пет дена се доволни за да се заљубите во островот, но не и за да го запознаете целосно.

Ние сигурно ќе се вратиме повторно, затоа што Сардинија секогаш остава причина за уште едно патување“.

na-odmor-so-jasmina-poposka-na-sardinija-ostrovot-bara-mnogu-vozenje-5-dena-ne-se-dovolni-a-plazhite-i-moreto-se-kako-na-instagram-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само ... „На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во рестора...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Бранко на Мајорка: „Летавме преку Софија, изнајмивме автомобил за 300€ - храната не ме в... „Случајно се погодивме таму додека шпанската репрезентација играше натпревар на ...

Најчитани неделава