Наде се прослави во „Танц со ѕвездите“, а сега живее во Њујорк: „Се преселив тука од Лондон, летните 45˚C ми се шок“

Ги научи ли јазиците? Што ти паѓа најтешко при адаптацијата во нова земја?

Кога се преселив во Италија, не знаев апсолутно ништо од италијанскиот јазик. Не знаев ни основни зборови како „благодарам“ и „добар ден“. Тоа беше голем предизвик, особено затоа што во тоа време многу малку луѓе таму зборуваа англиски.

Сама се учев и се едуцирав, а по кратко време веќе започнав да држам танц часови со лош италијански.

Токму потребата да се снајдам ме натера најбрзо да го научам јазикот. Многу ми помогна и знаењето на шпанскиот јазик, кој го имав научено од шпанските серии и теленовели што се прикажуваа во Македонија.

Кога потоа се преселив во Велика Британија, англискиот веќе го знаев, но имав нов предизвик, сакав да научам да зборувам со британски акцент и да звучам како вистинска Британка.

nade-se-proslavi-vo-tanc-so-dzvezdite-sega-gradi-kariera-vo-njujork-zhiveam-na-upper-east-side-vo-menheten-16.jpeg

Какви се луѓето во другите земји во љубовните врски? Го ценат ли бракот?

Во Италија луѓето се многу темпераментни, романтични и полни со страст, но имав впечаток дека често повеќе се живее моментот отколку да се цени долгорочната стабилност. Поради тој поинаков менталитет, бракот не секогаш се доживува како најважна институција.

Во Велика Британија, пак, имав впечаток дека повеќе се цени стабилноста, партнерството и семејните вредности.

За Америка сè уште учам и запознавам како размислуваат луѓето. Во Њујорк забележувам дека има многу самци, бидејќи многу луѓе се фокусирани на кариера и личен развој.

Сепак, оние кои сакаат помирен семеен живот често го избираат Њу Џерси, кој е само околу 20 минути оддалечен од Њујорк и нуди повеќе простор и мир.

nade-se-proslavi-vo-tanc-so-dzvezdite-sega-gradi-kariera-vo-njujork-zhiveam-na-upper-east-side-vo-menheten-03_1.jpeg

Има ли предрасуди кон дојденците или ги прифаќаат со ширум отворени раце?

Рим, Лондон и Њујорк се мултикултурни градови каде што живеат луѓе од различни раси, нации и религии. Во такви средини луѓето се навикнати на различности и убаво е чувството кога си прифатен без разлика од каде доаѓаш.

Во поголемите градови не сум почувствувала предрасуди кон мене лично. Секако, во помалите средини понекогаш може да постои поголема резервираност кон имигрантите.

Јас, за среќа, немам лично доживеано директна дискриминација, но познавам луѓе кои имале такви искуства.

nade-se-proslavi-vo-tanc-so-dzvezdite-sega-gradi-kariera-vo-njujork-zhiveam-na-upper-east-side-vo-menheten-04_1.jpeg

Познаваш ли други Македонци таму? Се дружите ли?

Македонци има насекаде – од Рим и Лондон до Манчестер и Њујорк. Среќна сум што и јас имам круг на македонски пријатели со кои редовно се дружиме и секогаш си помагаме.

Мислам дека во странство сме посложни и посплотени, бидејќи сите сме далеку од дома и полесно се разбираме и си даваме поддршка.

Жално е што понекогаш имам чувство дека таа солидарност повеќе се чувствува во странство отколку во Македонија.

nade-se-proslavi-vo-tanc-so-dzvezdite-sega-gradi-kariera-vo-njujork-zhiveam-na-upper-east-side-vo-menheten-05_1.jpeg

Има ли добри rooftop барови или ноќни клубови што би ги препорачала во овие земји?

Голем љубител сум на добри барови и ресторани, а особено на rooftop барови со прекрасен поглед. Од Лондон би ги издвоила Sushi Samba, Duck & Waffle, Aqua Shard, Oblix, Madison и Bokan. Во Манчестер мои омилени места се The Ivy, 20 Stories, Cloud 23 и Soho House.

Њујорк сè уште го истражувам, но веќе ме воодушеви со изборот на rooftop барови.

Досега сум била во 230 Fifth Rooftop Bar, а на мојата листа има уште многу места што едвај чекам да ги посетам.

nade-se-proslavi-vo-tanc-so-dzvezdite-sega-gradi-kariera-vo-njujork-zhiveam-na-upper-east-side-vo-menheten-02_1.jpeg

Кој е најчудниот локален обичај или традиција што си ја забележала?

Најчудниот обичај што го забележав е во Англија. Ако некој организира роденден во ресторан или бар, многу често гостите сами си ја плаќаат својата сметка. Кај нас во Македонија е сосема спротивно – кога си поканет на роденден, славеникот е тој што чести и ги покрива трошоците.

Слично е и со свадбите. На многу англиски свадби не се очекува скап подарок, а неретко гостите сами си ги плаќаат пијалаците. Тоа на почетокот навистина ми беше необично.

Од друга страна, на индиските и пакистанските свадби сè е организирано и платено од домаќините, што е многу поблиску до нашата традиција на гостопримство.

Исто така, многу интересна традиција е кога некој ќе даде отказ или ќе си замине од компанијата. Колегите собираат пари за подарок, а потоа заедно одат во бар или ресторан на таканаречени „leaving drinks“ – неформално дружење и збогување.

Ми беше многу убав обичај, бидејќи покажува почит и благодарност кон личноста што си заминува.

Повеќе фотографии од Наде:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само ... „На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во рестора...
Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање с... „Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде д...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...

Најчитани неделава