Павлина Ефтимова по 5 седмици во Индија: „Сообраќајот е хаос и бев искарана поради непочит кон стаорец“

„Индија е земја на различности - јадење на улица во Индија е 20 денари, а пиво во елитно диско 350 денари, еден човек проси, а тој спроти него има три килограми злато на него“, раскажува скопјанката Павлина Ефтимова.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-01.jpg

Павлина Ефтимова е 29-годишна девојка од Скопје која поради професионални обврски во IT секторот од својата компанија беше испратена на 5-неделен престој во Индија.

Таа е вљубеничка во патувањата, но открива дека во приватна режија никогаш не би се сетила да ја посети Индија, сепак е пресреќна што имала таква можност и дека носи незаборавни спомени оттаму.

Градот кој го посетила се наоѓа на југот од Индија, се вика Бангалор и е трет по големина во оваа држава. И за разлика од очекувањата од Индија, таму немало ниту змии, ниту маларија.

Во разговор за CRNOBELO.com Павлина ги открива своите впечатоци од Индија:

Индија во една реченица…

Индија е земја на култура и вредности, земја на спиритуалност, земја на различности и убав хаос, земја на зачини, земја на колорит, земја со прекрасна природа…

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-05.jpg

За сообраќајот…

Кога ќе излезете на улиците гледате неверојатен хаос од милиони автомобили. Нема семафори и возачите си сигнализираат со помош на мавтање со рака и изненадувачки е што тоа кај нив навистина функционира и за време на мојот престој таму не видов ниту една сообраќајна незгода.

Постојано трубат на свирките и дури и кога сте во затворена просторија ве излудуваат и мора да ги затворите прозорците. Вревата е константна.

За позитивната страна на Индијците…

Индијците се инспиративни затоа што секогаш се релаксирани. Кај нив нема нервози, нема кавги.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-02.jpg

За ноќниот живот…

Во дискотеките излегуваат само припадниците на еден мал, што би се рекло најелитен круг. Ние бевме во „Skyye“, еден од најпознатите локали во Багалор. Другите Индијци како да сметаат дека не се достојни за таму, дека не се на потребното ниво. Некои од нив дури нè прашуваа нас како изгледала забавата во ноќните клубови. Навистина се конзервативни.

Инаку, тие што излегуваат се дотеруваат, но на некој нивен начин, далеку од актуелните светски трендови и имаат многу чудни танци. Кога ги гледате ви изгледаат како да се припадници на некоја племенска заедница. Се вртат во круг, испуштаат чудни звуци и навистина беше сцена каква што немав видено дотогаш.

Сепак, луѓето што излегуваат на овие места се истакнуваат од другите што ќе ги видите во Индија. Дури и цените во овие локали се драстично повисоки. Пиво на пример е 350 денари.

Има многу хомосексуалци и тие отворено се прегрнуваат, се држат за рака и танцуваат заедно. Во Индија биле легализирани и хомосексуалните бракови.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-09.jpg

За нивниот изглед…

Повеќето Индијци се дебели и ниски. Кожата им е темна и не обрнуваат многу внимание на хигиената и изгледот. Речиси сите жени, па и некои мажи ја имаат препознатливата точка на челото.

За стаорците по улиците…

Како што во Македонија гледаме мачки по улиците, така во Индија има стаорци од кои некои се големи и колку мачки со средна големина. За нив стаорците се свети животни и тие насекаде си се движат слободно. Во една пригода додека излегував од хотелот ми помина стаорец пред нозе и изреагирав бурно, кога еден Индиец ми упати осудувачки поглед, нешто ми викаше и потоа кажа молитва кон стаорецот. Најверојатно сум го навредила со моето однесување.

Имаат дури и храм посветен на стаорците.

Инаку, интересно беше што по улиците сите бездомни кучиња беа од расата Шиба Ину.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-10.jpg

За нивната религија…

По улиците Индијците имаат мали камени мини храмови посветени на нивните божества. Имаат и скулптури кои ги китат со цвеќе и облека. Најмногу му се молат на слонот Ганеша. На секој половина час оттаму се огласува молитва и Индијците постојано си се молат.

Во храмовите смеете да влезете само по чорапи и при посетата сите патики и чевли ни ги фрлаа во куп.

За хигиената…

Тие се нечист народ и ако ја посетувате Индија би ви препорачала строго хотел со 5 ѕвезди. Навистина не внимаваат на хигиена. Веќе по 12 часот напладне сите мирисаат на манџа, дури и на состаноци затоа што тоа јаделе некој многу зачинет оброк, и може да ждригнат или испуштат гас среде деловна средба. Тоа им е сосема нормално, ние бевме запрепастени.

Дури мислам дека се капат еднаш во седмицата затоа што од половина недела натаму поголемиот дел од нив мирисаат на пот. Ова е особено страшно кога се возите во лифт каде се пикаат многу луѓе наеднаш и едноставно не можете да дишете од непријатната миризба. Може и да ви се слоши.

Косата често им е многу масна, а мислам дека токму поради тоа што не ја мијат често и не ја фенираат им е толку убава и здрава.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-08.jpg

За начинот на работа…

Работат по 10 часа на ден со пауза од околу час и половина. Воркохолици се, сакаат сè да научат и многу ја ценат тимската работа, за разлика од кај нас. Кај нив нема фин и умерен пристап, туку шефовите ако треба врескаат и на цел глас. Страв и трепет се за вработените.

Работниот ден приближно им трае од 9 часот наутро, до 19 часот навечер и имам впечаток дека кај нас повеќе се лежи отколку од Индија, иако можеби тие што ја немаат посетено оваа земја имаат поинаков впечаток.

За исхраната и пијалаците…

Имаат лошо бескофеинско кафе, а најмногу пијат индиски чај со млеко, што им е наследено од Британците.

На паузата за јадење на работа сите носат храна од дома и делат сè меѓу себе. Сето тоа се става на една маса и којшто сака си зема. Јадат само со едната рака бидејќи сметаат дека другата е нечиста. И дури и ориз фаќаат со прсти, го вртат во топче и така го јадат без прибор.

Многу од нив купуваат и евтина храна од уличните тезги. Чини само 20/30 денари оброк, но треба да имате желудник да го јадете тоа. Се готви во многу лоши услови и ние немавме храброст да пробаме.

Јадевме храна од проверени ресторани и традиционалните јадења им се прекрасни, но бидејќи има многу вкусови и зачини во едно по само неколку дена најверојатно ќе имате проблеми со стомакот.

Инаку, водата од чешма не се пие и е многу нечиста, на моменти дури кафеава.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-06.jpg

За семејството…

Кај нив основа е семејството, па дури потоа следува професионалната надградба. Од моето искуство таму забележав дека тие се веќе во брак до кај 20/21 година, добиваат дете, па дури потоа се запишуваат на факултет и почнуваат да работат.

Голем дел од нив се традиционални и живеат во големи куќи со нивните чичковци, тетки, братучеди, односно со поширокото семејство.

Животот на Индијките зависи во голема мерка од тоа дали земале традиционален или модерен маж. Тие се многу фини, но затворени се и навистина е тешко да ве поканат во нивниот дом.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање с... „Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде д...

Најчитани неделава