Павлина Ефтимова по 5 седмици во Индија: „Сообраќајот е хаос и бев искарана поради непочит кон стаорец“

За цените…

Цените се приближно како кај нас. Иако сите очекуваме евтино кога помислуваме на Индија, сепак нема евтино ако сте странец. На пример транспорт со рикши, скромно такси со 3 тркала, е евтино, но на странци им наплаќаат поскапо. Пример ако за Индијците е 20 денари возењето, на нас како странци ни наплаќаа по 90 денари.

Се обидуваат да ве ограбат во секој момент на ваков начин. Но, инциденти од типот на напади и кражби немавме.

За културата на народот…

Индија е земја на спротивности, па така може да шетате во луксузен трговски центар со врвни модни брендови и убав народ, а потоа да појдете на пазар и да видите како маж уринира на јавно место. Оваа навика им е нешто сосема нормално.

Еднаш, за жал, видовме и еден како прави нешто повеќе од тоа. На поле култура Индијците не еволуирале дефинитивно.

Може да видите некој сиромав човек како пита, а на километар од него најново Ferrari со сопственик кој има 3 килограми злато на себе и облечен е од глава до петици во Versace.

Инаку многу Индијци, најчесто деца, кога ќе видат бел турист се воодушевени и сакат да се сликаат со него. Имавме такви ситуации и не знам зошто, но на белите луѓе гледаат како на богови.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-04.jpg

За опседнатоста со злато…

Во Индија се 11 проценти од светското злато. На секои 200/300 метри на улиците има по една златара и таму крца од жени што купуваат златен накит.

За храмовите…

Заштитен знак на Индија се позлатените храмови. Станува збор за прекрасна архитектура. Имаат низа статуи пред кои луѓето се молат, практикуваат некои ритуали и си палат стапчиња орхидеја.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-11.jpg

За облеката…

Имаат прекрасни марами, но оние што се направени од свила чинат преку 100 евра. Нивната традиционална облека сари е преубава. Сари има во секоја боја, а жените носат и многу шалвари извезени со разни дезени.

Инаку жените немаат практика да се шминкаат секојдневно и на работа речиси сите одат во сари. Во компанијата со која соработувавме од околу 200 жени само една носеше фармерки и тоа повторно искомбинирано со некоја нивна долга традиционална кошула. И мажите носат традиционални кошули.

pavlina-eftimova-po-5-sedmici-vo-indija-soobrakjajot-e-haos-i-bev-iskarana-poradi-nepochit-kon-staorec-03.jpg

За нивните одмори…

На час, два со авион им се Малдиви, Дубаи, Тајланд и патуваат повеќе пати во годината. Постојано штедат пари за тоа и за тури низ храмови низ Индија.

Практика е сите во семејството да ги собираат парите на едно купче и често Индијки што земаат и по 1.000 евра плата одат постојано само со една чанта скромно облечени на работа.

За хигиената…

Во Индија сè мириса на старо и застојано поради огромната влажност на воздухот и поради фактот што Индијците не се оптоварени со хигиената. Во хотел со 3 ѕвезди може да наидете на прашина, на дамки по постелнината и да спиете со глувци.

Сепак, во подобрите хотели ќе имате одличен прием и љубезност, каква што не сте виделе во Македонија. На крајот од нашиот престој, сопственикот на хотелот ни приреди забава со неверојатна трпеза и покани низа индиски бизнисмени на дружба со нас. Сето тоа на негова сметка.

За јазикот…

Тие мора да зборуваат англиски на работа, но имаат многу лош акцент и едвај ќе ги разберете. Понеобразованите Индијци и воопшто не знаат англиски и со нив не можете да воспоставите никаква комуникација.

За Индија како туристичка дестинација…

Индија не е за сечиј вкус, треба да си авантурист и да очекуваш сè и сешто и да си добро информиран каде идеш и што правиш за да не се вратиш комплетно разочаран. Сиромаштијата ќе ја видите веднаш штом ќе се оддалечите од аеродромот по слетувањето, но јас уживав затоа што оваа земја е едно навистина уникатно искуство.

Фотки од нејзиното патување:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање с... „Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде д...

Најчитани неделава