Љупче Трајчев посетил 59 земји: „Во Куба фрлаат ѓубре преку прозорец на улица, а во џунгла во Тајланд ме разбудија мајмуни“

Со задоволство би се преселил во …

Македонија е мојата душа и тука дишам најубаво, иако многу социјални работи се на многу ниско ниво и системот на државата е многу погрешен, а вредностите се изместени, но кога би морал да се преселам дефинитвно тоа би било Италија и тоа најужниот дел од оваа земја, кој е дијаметрално различен од северот во многу сегменти.

Каде го виде најлудиот пазар?

Сум видел многу луди пазари, јас сум љубител на пазари, скоро и нема град во кој сум бил, а да не го посетам локалниот пазар, таму секогаш ја има најдобрата и најсвежа храна, ме фасцинираа пазарите на вода во повеќе земји во Азија, каде секој чун е движечка тезга со храна од овошја, зеленчуци до готвена храна, но сепак најлуд пазар според мене беше пазарот во Маракеш – Мароко.

Тоа е интересно место и не е само пазар туку на едно место имате забава, музика на која играат кобри, мајмуни, храна од секаков вид која се приготвува на самото место, измешани мириси на зачини, чувство кое не се заборава.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-13.jpg

Каде луѓето одржуваат најмалку хигиена?

Камбоџа е шампион кога станува збор за нехигиената, уринирањето на улица кога имате потреба од тоа кај нив е сосема нормално, несреденост на депониите, многу ѓубре насекаде без канализации, тука би ја издвоил и Куба, посебно Хавана каде луѓето после 23 часот го фрлаат ѓубрето преку прозорец на улица, така да не се препорачува прошетка по улици тоа време.

Каде луѓето се најкултурни?

Најкултурни се луѓето во скандинавските земји, но тоа е како по некоја шема, нема спонтаност и искрени насмевки, морам да ги издвојам и хрватските острови на кои ме изненади културата и големата љубезност и желба да ви угодат и тоа скоро на сите 8 острови кои сум ги посетил.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-06.jpg

Што од светот би донел во Македонија?

Македонија е пребогата земја, жално е што многу мал број на луѓе тука го сфаќаат тоа, на Македонија не и треба ништо друго туку само добра организација и посветеност за искористување на природните богатства кои ги има, и ние би можеле да бидеме една од најбогатите земји во светот, иако звучи малку претенциозно, сигурен сум дека е така.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-08.jpg

Која дестинација ти е следна на списокот?

Мојата листа за 2020 беше Шри Ланка, Јапонија и Непал, но поради моменталната ситуација засега остануваат само како мои желби.

Оваа година останувам да уживам во прекрасните убавини на Македонија, посебно во планините кои многу ги сакам, истото им го препорачувам и на вашите читатели.

Уште фотки од неговите патувања:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...
Весна Коцевска, туристички водич, за патувањето во Сицилија: „Во Палермо е многу евтино, во Катанија... На сите им препорачувам да патуваат со деца во Сицилија. Без разлика дали би се ...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Сара Груеска: „Во Дубаи видов скапа чанта и лаптоп оставени среде мол и никој не ги допре, во Јапони... „За да патувате во Јапонија ви треба само повратна авионска карта, нормално пасо...
Александар и Стефан: „Во средно ни снемуваше пари, па со автостоп си одевме во родните градови - сег... Александар и Стефан за време на средношколските денови, како цимери, ограниченио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg