Љупче Трајчев посетил 59 земји: „Во Куба фрлаат ѓубре преку прозорец на улица, а во џунгла во Тајланд ме разбудија мајмуни“

„На пазарот во Мароко има музика на која играат кобри, Сингапур е најскапата земја, а Камбоџа е шампион за нехигиена – луѓе уринираат на улица“, вели Љупче Трајчев и нè „носи“ на разни краишта во светот.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-01.jpg

Љупче Трајчев – Бубе има 44 години, и вели дека е доктор по природна медицина, нутриционист, хербалист, но го обожава и италијанскиот јазик, а радиото му е прва љубов.

Но, негова најголема љубов дефинитивно се патувањата. Тој не може да се насити од нив.

Досега посетил 59 земји и не планира да сопре.

За CRNOBELO.com тој ги пренесува неговите искуства:

Колку земји имаш посетено досега и кој е поводот за твоите патувања?

Досега имам посетено 59 земји, главниот повод за моите патувања пред сè е големата желба да се осознае светот и сите убавини кои бог ни ги подарил во него. Моите интереси се главно поврзани со природата, начинот на живот, културата, традициите во земјите во кои сум патувал, и освен големите градови кои неизбежно сум ги посетил поради патните конекции, секогаш сум настојувал да посетам рурални делови од скоро секоја земја како би можел да ја добијам целосната слика за таа земја, а освен тоа во руралните места најдобро се дознаваат старите начини на живот, традициите, начините на природно лекување со даровите од природата што претставува мој посебен интерес.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-02.jpg

Најлудото место на кое си спиел досега …

Постојат повеќе такви места во моите патувања, а секако најинтересни и најлуди се местата на отворено, би издвоил некои од нив, дивина во шатор во Танзанија каде наутро те будат илјадници звуци на диви животни, на плажа во Куба, на 4.100 метри надморска висина на отворено во Боливија, на крошна од дрво на Бали, а од сите би го издвоил како најинтересно спиењето во мрежа во највисокиот и најживописен дел во Тајланд – џунглата над Чанг Маи, место далеку од цивилизација преполно со разновидни животинки, каде што наутро ме разбудија група мајмуни кои ги насетиле бананите во мојот ранец.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-11.jpg

Во која земја најмногу веруваат во делотворноста на билките?

Најголеми почитувачи на билките и природата и големото нивно искористување во официјалната медицина сретнав во Куба, тоа е и земјата каде имаат најголем процент на излекувани пациенти од таканаречените неизлечиви болести, Куба е земја каде на пример бројот на излечени од псоријаза и рак е најголема.

Друго место кое би го истакнал е долината на Килиманџаро кај што има голем број на села каде се практикуваат многу хербални лекови кои традиционално се пренесуваат од колено на колено.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-05.jpg

Која џунгла ти остави најголем впечаток?

Сите џунгли се специфични и имаат по некоја своја карактеристика. Џунглата во Виетнам беше прекрасна со огромни бамбуси и големи лијани како во филмот со Тарзан. Џунглата во Куба беше преполна со евкалиптуси, водопади и интересни билки.

Од која пустина носиш најживописни спомени?

Најинтересна и најубава пустина ми беше пустината во Тунис, нејзината убавина се состои во тоа што наидувате неколку пати на оази со прекрасни водопади и полиња со палми, а на средина на пустината се наоѓа местото на кое се изградени интересни градби за потребите на снимањето на првиот серијал на Војна на ѕвездите во 1974 година со Харисон Форд.

Би сакал да ја истакнам и пустината во Чиле за која ни требаше 2 дена да ја поминеме со џипови, најголемата убавината на ова патешествие беа неколкуте езера на кои наидовме и кои беа преполни со прекрасни фламингоси.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-03.jpg

Каде го доживеа најнемилиот настан?

Кога се патува треба многу да се внимава, има опасни места во светот каде туристите ги гледаат како плен од кој единствена цел им е да извлечат пари, сум имал 3, 4 обиди да ме наместат, но ако ја сфатите местенката навреме нема опасност. Досега секаде добро сум поминувал, единствено во Краков го пропуштив организираниот превоз и морав сам да се снаоѓам.

Која ти беше најголемата авантура?

Наголема и најлуда авантура ми беше предизвикот за еден ден да го искачам врвот Чакалтаја во Боливија кој е висок 5.421 метар, не беше лесно поради огромната висинска разлика, но чувството кога си на врвот е бесценето.

Во Боливија направив и уште една луда авантура спуст со велосипед по познатиот Death road од 4.200 на 1.200 метри надморска висина.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-12.jpg

Каде живеат најубавите жени?

Ова ми е најтешкото прашање, навистина ми е тешко да се одлучам, ако би требало да одберам само една земја, но еве нека биде вака, најголема физичка убавина имаат Русинките, додека комплетната женска убавина ја препишувам на цела Јужна Америка, таму навистина не знаете во која земја има поубави жени.

Каде живеат најљубезните луѓе?

Најљубезните и најдобронамерните луѓе живеат во Перу, имаат чисто срце и искреност, материјалните богатства за повеќето од нив не значат многу, нивната култура и почита кон животот и останатите луѓе е прекрасна.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-07.jpg

Која земја има најниски цени, која највисоки?

Камбоџа според мене е најевтината земја во светот која сум ја посетил, додека Сингапур е најскапата земја, на пример во Камбоџа можете за половина евро во локален ресторан да добиете комплетен оброк со месо по избор со неограничено леб и салата, додека кафето во елитните кровни ресторани во Сингапур достигнува цена до 12 евра, додека најевтина држава во Европа е Португалија, а најскапа Монако.

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-09.jpg

Која ти е најубавата држава на светот, а кој најубавиот град?

Како љубител на природата Перу ме фасцинираше со своите природни богатства, планини, реки, незабаравни пејзажи, прекрасни луѓе, а тука е и најбогатиот избор на храна, единствена држава каде во исто време на локален пазар можете да најдете преку 40 видови на овошје, 55 видови на пченка, над 3.500 видови на компир, разновиден зеленчук и друга растителна храна.

Во Перу фасцинираат и многу други природни убавини, меѓу кои би ги издвоил планината Виножито и секако она што е најпосетуваното и најпрепознатливо за Перу-величествениот Мачу Пикчу.

Како најубав град би го издвоил Лисабон, тоа пред сè се должи на неговата опуштеност, љубезноста на луѓето, безбедноста, прекрасната фадо музика, ноќниот живот…

ljupche-trajchev-posetil-59-zemji-vo-kuba-frlaat-gjubre-preku-prozorec-na-ulica-a-vo-djungla-vo-tajland-me-razbudija-majmuni-04.jpg

Најбел песок имаат плажите во …

Најбелиот песок кој дефинитвно го имам видено е на еден мал остров во близина на Занзибар каде буквално е невозможно да гледате без очила за сонце поради огромната рефлексија на сончевите зраци.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...
Весна Коцевска, туристички водич, за патувањето во Сицилија: „Во Палермо е многу евтино, во Катанија... На сите им препорачувам да патуваат со деца во Сицилија. Без разлика дали би се ...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Сара Груеска: „Во Дубаи видов скапа чанта и лаптоп оставени среде мол и никој не ги допре, во Јапони... „За да патувате во Јапонија ви треба само повратна авионска карта, нормално пасо...
Александар и Стефан: „Во средно ни снемуваше пари, па со автостоп си одевме во родните градови - сег... Александар и Стефан за време на средношколските денови, како цимери, ограниченио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg