Ноне Неделковска: „Имам морска болест, сум посетила 45 земји, а дефинитивно на брод има многу разврат“


Ноне Неделковска: „Имам морска болест, сум посетила 45 земји, а дефинитивно на брод има многу разврат“

„Три часа возење низ пустина во Сахара, незаборавно искуство. Куба е приказна за себе. Пливање со делфини во Мексико, пливање со ражи на Кајманските острови, карневал во Ла Палма, рајските плажи на Јамајка, египетските пирамиди“, Ноне ни пренесува дел од своите искуства на патувањата низ светот, но и ги открива негативните страни на работата на брод.

none-nedelkovska-za-rabotata-na-brod-imam-morska-bolest-sum-posetila-45-zemji-a-indijcite-se-najverni-vo-ljubovnite-vrski-01.jpg

Ноне Неделковска, остана запомнета по својата музичка кариера, иако веќе долги години не се занимава со музика, туку работи на брод.

Од 2012 година таа крстосува по некои од најубавите светски дестинации, а своите патувања ги документира со прекрасни фотографии на социјалните мрежи.

Од убавината на Португалија, Бахамите и Карибите до предностите и маните на работата на брод, Ноне отворено ги пренесува своите искуства за CRNOBELO:

Колку години работиш на брод, кое е твоето работно место и дали се презасити од животот „на вода“?

Март 2012 започна мојот предизвик да работам далеку од дома на подолг период. Ме примија како советник за убавина во duty free shop, а по неколку години бев унапредена во менаџер.

Можеби е чудно за некој што работи на брод да каже дека има морска болест, ама секој пат и на мало невреме кога имаме лулање на бродот јас сум на таблети. Е тогаш си викам доста е овој живот.

none-nedelkovska-za-rabotata-na-brod-imam-morska-bolest-sum-posetila-45-zemji-a-indijcite-se-najverni-vo-ljubovnite-vrski-04.jpg

Најдобрата страна на работењето на брод е …

Дефинитивно можноста да се види светот.

Најлошата страна на работењето на брод е …

Далеку си од фамилијата и пријателите.

none-nedelkovska-za-rabotata-na-brod-imam-morska-bolest-sum-posetila-45-zemji-a-indijcite-se-najverni-vo-ljubovnite-vrski-13.JPG

Колку љубовните врски трпат поради ваквиот стил на живот? Што се случи со поранешното момче Рајан?

Уф, ова е тешко да се објасни. Сите оние што добиле шанса да работат на брод, па морале да заминат и да остават дома сакани 100% им е тешко. Треба да имаш голема доверба и јаки нерви.

Разни работи се изнагледав за овие години, можам да напишам една книга за љубовта на брод. Дека има блуд и разврат и тоа е точно за жал, но има и убави моменти така што се прави некој баланс.

Со Рајан бевме заедно 6 години. Немаме контакт откако се разделивме, но лани на домашна адреса ми стигна цвеќе од него, многу убав гест, но јас бев на брод тој период. Многу беше среќен кога дојде во Македонија. Знаеше да каже по некоја реченица на македонски, па на сите им беше интересен.

Имаше и непријатни моменти кога се шетавме по улица, луѓе што нѐ гледаа се крстеа, превртуваа очи ама добро, не се стресираше многу поради тоа, две ракии и сѐ, се забораваше.

none-nedelkovska-za-rabotata-na-brod-imam-morska-bolest-sum-posetila-45-zemji-a-indijcite-se-najverni-vo-ljubovnite-vrski-16.jpg

Кој е најубавиот момент со гостин на бродот кој ќе го паметиш засекогаш?

Немам нешто специјално да издвојам ама секогаш ми се драги моменти, кога случајно се среќаваме со исти гости на различни бродови и ми приоѓаат да ми кажат дека ме паметат.

none-nedelkovska-za-rabotata-na-brod-imam-morska-bolest-sum-posetila-45-zemji-a-indijcite-se-najverni-vo-ljubovnite-vrski-08.JPG

Си имала ли незгода со некој гостин?

Да, не само со еден. Сите што работат на брод знаат дека треба да бидеме екстремно љубезни со гостите за бродската компанија да не добие некој негативен фидбек од нив. Има многу нехумани гости, но ние сепак мора да ги трпиме.

Секоја бродска компанија си води нивна политика и сите имаат различен третман кон гостите. Најмногу конфликти имав со американските гости кога бев на Карнивал. Доаѓаат на 3 дневен круз и како децата кога ги носат во забавиште го „превртуваат“ бродот наопаку.

Ми се случи гостинка да ми се изнавика и да ми држи говор како заради неа ја имам оваа работа така може и да ја немам, и сето тоа затоа што не реков добар ден.

none-nedelkovska-za-rabotata-na-brod-imam-morska-bolest-sum-posetila-45-zemji-a-indijcite-se-najverni-vo-ljubovnite-vrski-11.JPG

Дали има мобинг на работното место? Колку може да се напредува? Како функционираат работите?

Нема мобинг на брод. Може претпоставениот да биде построг кон тебе и да мислиш дека има нешто против тебе, но секако тоа е како ќе си сфатиш лично. Јас сакам кога има ред и кога знам на што сум.

Имав менаџер од Романија и бевме како во војска. Дисциплина и работа на ниво, што на многу и не им се допаѓаше, па завршуваа со плачење. Ако покажеш голема посветеност кон работата можеш да напредуваш, ова кажувам исклучиво за free shop.

Јас работам за англиската компанија Хардинг и поголемиот дел од вработените се Англичани, но познавам многу Македонци што се на менаџерска позиција што докажува дека сме далеку повредни од нив.

none-nedelkovska-za-rabotata-na-brod-imam-morska-bolest-sum-posetila-45-zemji-a-indijcite-se-najverni-vo-ljubovnite-vrski-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Емилија Мицевска: „Имам бегано од мечка, а сум кампувала низ цела Македонија“ Сака да кампува среде шума, да си готви манџа од коприви на огинче, да бере печу...

Најчитани неделава