Дијана Коциќ живееше 2 месеци во Танзанија: „Пешачев со пијавица залепена на нога, луѓето зјапаа во мене“


Дијана Коциќ живееше 2 месеци во Танзанија: „Пешачев со пијавица залепена на нога, луѓето зјапаа во мене“

Дијана Коциќ е блогерка од Белград која не стравува од нови искуства и животни предизвици. 

so dijana kocikj od belgrad za nejziniot volonterski prestoj vo tanzanija preku svojot instagram krenav kampanja i sobrav dovolno finansii za da renoviram edno skolo 3

На својот Инстаграм профил @dijana.kocic редовно ги споделува своите патувачки авантури и сака да ги инспирира и другите да го напуштат комфорот и да се соочат со светот. Таа за CRNOBELO.com зборува за своите патешествија и за цената што треба да се плати за да се следи својот сон.

Дијана, знаејќи те лично, можам да кажам дека твојот живот е пропратен со храбри и решителни одлуки. Даде отказ од работа и покрај сите опасности замина во Танзанија да волонтираш и да им се посветиш на децата што живеат таму. Што е она што го согледа по пристигнувањето, а претходно не беше свесна?

Кога го планирав патувањето за Танзанија, знаев дека луѓето таму се сиромашни и егзистенцијалната ситуација е поразлична. Но, кога стигнав дури тогаш се соочив со сиромаштијата и нискиот животен стандард.

Никогаш се немам сретнато со погледи коишто ги следеа сите мои чекори, ми беше необично тоа што ја немав можноста да бидам обична индивидуа која шета по улица. Таму бев: mzungu! (белкиња) кои сите сакаа да ја запознаат, допрат, да заработат од неа.

so dijana kocikj od belgrad za nejziniot volonterski prestoj vo tanzanija preku svojot instagram krenav kampanja i sobrav dovolno finansii za da renoviram edno skolo 12

Секое излегување на улица е нова борба во Танзанија, тоа го имам слушнато од тебе. Ако секојдневието во Србија се движело во однапред зададени рамки, со какво секојдневие се соочи во Африка?

За време на мојот престој од два месеци, имав различни секојдневија. Она што ме пратеше цело време е контактот со различна култура и живот.

За мене најзначајно искуство ми беше животот во танзаниско семејство. Утрото ми почнуваше со пиење чај и појадок од леб со мед или путер од кикирики. Потоа одев во основното училиште, а попат ми приоѓаа деца, ми дофрлуваа возачи на мотор, ме загледуваа цели семејства…

На почеток се чувствував непријатно и сакав само да ме пуштат да го живеам својот живот. Подоцна прифатив дека сум различна и дека на нив тоа им е природно да се загледуваат во некого како да е марсовец.

Имав прилика да ги учам децата англиски јазик, осмислував креативни начини како да им го пренесам знаењето, иако разбирањето беше тешко. Денот го завршував со дружење со бебето Блес и моето танзаниско семејство.

Топлината, љубовта и прифаќањето на семејството Моши кое го доживеав таму е нешто најубаво што го понесов со себе од тоа патување.

so dijana kocikj od belgrad za nejziniot volonterski prestoj vo tanzanija preku svojot instagram krenav kampanja i sobrav dovolno finansii za da renoviram edno skolo 1

Покрај сите авантури што ги доживеа таму, успеа преку твојот Инстаграм профил да кренеш кампања и да собереш доволно финансии за да реновираш едно училиште. Која е моќта на социјалните мрежи ако се користат на вистински начин?

Ќе кажам дека тоа е моќ на заедница. Кога ќе се соединиме, навистина може да направиме многу работи. Често не се осмелуваме да го „поведеме орото“ и храбро да кренеме спрема она што нè инспирира, можеби се сомневаме во себе и своите идеи.

Но животот и луѓето ја наградуваат таа лудост! За мене интернет е одлична работа и овозможува да комуницираме со луѓе со слични интереси од сите краеви на светот. Навистина нè поврзува и соединува.

Оваа алатка ни овозможува да правиме промени кои би биле комплицирани, можеби и невозможни. Би сакала луѓето почесто да ја користат технологијата за да се поврзуваат со својата заедница. Тоа е за мене убавината на постоењето.

so dijana kocikj od belgrad za nejziniot volonterski prestoj vo tanzanija preku svojot instagram krenav kampanja i sobrav dovolno finansii za da renoviram edno skolo 13

Велиш дека „лудите соништа и желби“ те охрабриле да се искачиш до базниот камп Анапурна на Хималаите, да пешачиш со пијавица залепена на нога, и покрај предупредувањата дека во Африка ќе бидеш гледана како подвижно парче месо замина таму… Ако многумина стравот ги спречува да го прават она што го сакаат, тебе стравот те разбуди. Како успеа да се ослободиш од него?

Стравот е секогаш тука. Само желбата е поголема. Постојат некои работи во животот, за кои не ни е важно што се плашиме, затоа што ни се ВАУ! Низ различни искуства сфатив дека е важно да сфатиме која цена треба да ја платиме.

Цена на животот со страв е недостаток од слобода, скратување на радоста и возбудата, кои ни носат нови искуства. Цена на слободен живот се многу непријатности и поминување низ предизвикувачки ситуации, од кои понекогаш не ти е добро.

И уште се плашам од своите желби, некои од нив го чекаат вистинското време. Разликата единствено ја прави моментот кога ќе слушнам и прифатам дека пополека, работите ќе си дојдат на свое, кога ќе бидам подготвена да ги остварам. Некои велат: само нежно кон себе!

so dijana kocikj od belgrad za nejziniot volonterski prestoj vo tanzanija preku svojot instagram krenav kampanja i sobrav dovolno finansii za da renoviram edno skolo 15

Секоја посетена држава, секој посетен континент со себе носи посебни искуства и спознанија. Што е она што во Африка ти ги отвори очите и направи да бидеш уште повеќе свесна за себе, но и за светот?

Ме научи за безусловната љубов. Кога ја запознав Жанет, моја танзаниска мајка и директорката на школото во кое волонтирав, бев одушевена од нејзината желба и волја да ме примат во својот дом како ќерка и не сакаше да ѝ платам за храна и сместување.

Таа жена не ме познаваше ни 5 минути, живее многу поскромно од најголем број на семејствата во Србија, но сепак ја поседува желбата и волјата да ги дели нештата. Тоа се некои неверојатни работи кои ти покажуваат дека дарежливоста и љубовта спрема луѓето не е нешто што е условено од тоа колку ти е длабок џебот, туку од човечноста во тебе.

Искуството од Танзанија ми покажа дека постојат такви луѓе и тие ми станаа инспирација.

so dijana kocikj od belgrad za nejziniot volonterski prestoj vo tanzanija preku svojot instagram krenav kampanja i sobrav dovolno finansii za da renoviram edno skolo 11

Многу често враќањето е потешко од заминување. Кога твојот волонтерски престој беше при крај во Танзанија, мораше да се соочиш со фактот дека се враќаш назад во Србија. Како се чувствуваше во тие моменти, знаејќи дека се враќаш во комфорот од кој замина?

После 68 дена престој на друг континент, враќањето дома ме растажи. Ги засакав луѓето што ги запознав таму. Ја засакав новата верзија од себеси која ми ја даде оваа земја. Ги засакав и сите тешки и непријатни искуства кои ги имав.

Ми беше напорно да размислувам за „проблеми“ како гужва во сообраќај, за која толку многу се зборува. Ми беше глупаво да се занимавам со шопинг, шминка, која нема врска со едноставната суштина на животот која Танзанија ми ја покажа.

Се плашев како ќе се навикнам на тие старо-нови услови и колку ќе успеам да го задржам во себе она убавото, на кое ме научи Танзанија. Тоа е единствен начин да видиме колку сме напреднале, колку сме се промениле и колку сме доследни на себеси, покрај „стандардите на општеството“.

so dijana kocikj od belgrad za nejziniot volonterski prestoj vo tanzanija preku svojot instagram krenav kampanja i sobrav dovolno finansii za da renoviram edno skolo 14

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Соња Златановска живее во Египет: „Жените се разгалени, а од Нил и Црвеното Море не можам да се наси... Соња вели дека како граѓанин на Египет или го сакаш или го мразиш, нема златна с...
Зориа Петкоска за животот во Токио: „Град во кој отсекогаш сакав да живеам. Град во кој никогаш не е... Поет, екстремен космополит, филолог и логофил, така себеси се опишува Зориа Петк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg