Драгана Стефановска од Куманово: „Во Шведска здравството и образованието се бесплатни, за Македонија не знаат речиси ништо“


Драгана Стефановска од Куманово: „Во Шведска здравството и образованието се бесплатни, за Македонија не знаат речиси ништо“

Животот на Драгана Стефановска (29) од Куманово, по професија архитект е интересно патешествие, пропратено со престој во различни држави. 

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 11

Своите додипломски студии по архитектура ги завршила во Санкт Петербург, потоа мастер студиите ги продолжила во Холандија и Шведска.

Во Гетеборг веќе живее и работи три ипол години, заедно со нејзиниот сопруг Павел Личаген и нивното куче Мајло, кое го нашла на Фејсбук група откако некое девојче барало дом за кутрето најдено на улиците низ Скопје.

Паралелно, вклучена е во различни волонтерски програми на Фондацијата „Лоза“ и сите заедно се посветени во обезбедување на подобра интеграција на лица со посебни потреби, кои во Македонија живеат во навистина лоши услови.

Годините поминати во странство ѝ овозможиле да си го најде патот по кој одлучила да чекори и да прерасне во личност која отсекогаш сакала да биде.

„Русија е многу поразлична од Холандија и Шведска поради менталитетот, системот во земјата, вредностите. Тоа е огромна земја каде многу зависи во кој град живееш.

Санкт Петербург каде што живеев е милионски град каде квалитетот на живеење е многу повисок од помалите градови низ Русија. Санкт Петербург е уште познат како Северна Венеција и изобилува со музеи и културни знаменитости. Луѓето се топли, а менталитетот е малку сличен на оној на Македонците.

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 3

Во Холандија бев само неколку месеци и затоа не можам да кажам многу. За мене Холанѓаните се едни од најдобрите архитекти, креативни отворени и неверојатно иновативни.

Шведска е многу убава земја каде голема грижа се води за социјалното равенство. Средната класа е многу силна и е најбројна во земјата. Здравството и образованието се бесплатни. Родовата еднаквост е исто така многу важна тука.

Луѓето во Шведска многу ја ценат својата самостојност и поради тоа младите луѓе на 18 години се селат од своите родители. Системот тоа го поддржува со тоа што младите земаат кредит за студирање или почнуваат да работат.

Она што го имам забележано тука е дека луѓето се ладни и треба време за да стекнете нови пријатели“, раскажува Драгана за нејзиното доживување на трите земји.

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 5

Гетеборг ѝ се допаѓа затоа што е голем град каде има многу настани, музеи, фестивали, добар јавен превоз и многу природа. Затоа и сака да живее таму. Омилени места ѝ се градскиот парк, ботаничката градина и Архипелагот.

Вели дека пријатно е чувството кога го научила шведскиот јазик и почнала од прва рака да разбира што се случува во општеството во кое живее. Додава дека секој нов јазик отвора нов свет и нови перспективи. Првите две години имала непријатни моменти при барање на работа и секое одбивање било непријатно за неа.

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 2

„Хм, кога станува збор за коронавирусот, малку е комплицирано да се одговори на тоа како Шведска се справуваше со пандемијата. Тука немаше многу рестрикции, туку само препораки што доведе до големо ширење на вирусот во општеството.

Поради тоа многу стари луѓе умреа во домовите за стари луѓе. На сите им е јасно дека постојат големи недостатоци во домовите за стари луѓе и поради тоа не ја оправдувам шведската стратегија. Мој впечаток е дека земјата не беше подготвена за оваа криза како и сите други земји, но сепак одбра стратегија различна дури и од своите соседи како Финска и Данска.

Се спасија работни места колку што можеше, ама дали можеше уште човечки животи да се спасат е прашањето. Останува да чекаме и да видиме која стратегија е најдобра“, коментира Драгана Стефановска.

Во Шведска 20% од населението се странци, така што луѓето се навикнати на они што се дојдени од други држави. Таа додава дека за Македонија речиси ништо не ни знаат, ама имаат познавање за Југославија, како и за Босна и Херцеговина поради големиот број на бегалци кои се преселиле во Шведска по војната.

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 9

„Мислам дека е добро кога мештаните ништо не знаат за твојата земја затоа што често луѓето имаат стереотипи кои не секогаш се точни. Шведска е богата и развиена земја каде има многу можности за себереализација.

Уште кога учев во гимназија сфатив дека Куманово е премал град за мене. Студирање во странство и адаптација во новата средина е тешко и бара многу работа и жртвување, ама тоа беше мој личен избор.

Среќна сум што ја искусив Русија каде се стекнав во квалитетно образование и го сретнав мојот маж Павел. Шведска ми дава можности сама да одлучувам и да напредувам на лично и професионално поле. Тука сфатив дека моето семејството и вредностите со кои растев во Македонија ме направија личност која е отворена за различни искуства и лесно се адаптира на нови средини“, споделува Драгана.

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 8

Интересно за неа е тоа што и покрај што живее во странство ја следи домашната книжевна продукција и обожава да чита македонски романи.

На тој начин сака да го зачува својот културен идентитет, а воедно и да го негува мајчиниот јазик во странство.

Смета дека сите кои живеат надвор од својата татковина треба да постапат на сличен начин. На два-три месеци прави онлајн нарачки на книги од Македонија, кои преку пошта ѝ стигнуваат во Гетеборг.

Меѓу последни наслови што ги има прочитано се: „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Вилино“ од Винка Саздова, „Вишнова хроника“ од Фросина Пармаковска, „Но-Уи“ од Лидија Димковска, „Сакам, значи постојам“ од Ана Јовковска и „Вештица“ од Венко Андоновски … Сега, со нетрпение чека да ѝ стигне новата нарачка на актуелни наслови и да може слободно да се нурне во приказните.

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 1

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 4

dragana stefanovska kumanovo beshe premal grad za mene a svedska mi dade moznost da napeduvam na licno i profesionalno nivo 4

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Владо Јаневски живее во Австралија, а има посетено 60 земји: „Змија може да има и среде Сиднеј, на п... „Целиот свет е убав и треба да се патува. Со големо задоволство ги прераскажувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg