Наим Матоши за животот во Кина и Малезија: „Во Кина наутро пензионери танцуваат по улиците, а Малезија е поим за духовен мир“ - Results from #1


Наим Матоши за животот во Кина и Малезија: „Во Кина наутро пензионери танцуваат по улиците, а Малезија е поим за духовен мир“

Дали Кинезите се навистина точни, дисциплинирани и напредни на поле технологија?

Јас, како посетител на +20 држави, поточен, поработно фокусиран народ немам сретнато и сметам дека не ни постои. Такво вложување во работата, таква дисциплина е завидувачки момент и пример кој дефинитивно секој треба да го следи.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-07_copy_copy.jpg

Најубавата работа во овие држави е…

Почитта на Кинезите кон луѓето од сите нации коишто дошле по работа или студирање е воодушевувачка. Буквално бев третиран како „крал“. Секој покажува желба за комуникација, желба за сликање, спријателување, дружба.

Плус, можноста за искусување на нивната храна, традиција, историја, архитектура и милијарда други детали не се исклучува во ниеден момент. Буквално секој чекор е ново искуство.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-04_copy.jpg

А пак Малезија е центар за шопинг на Кинезите, а за туристите е место каде ќе видат неверојатна архитектура.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-03.jpg

Дали се високи цените? Какви се платите?

Цените искрено за нас се ниски. Во секој момент можеш да си дозволиш сè што ти душа сака.

Кирија на просечен стан во Кина е околу 1.000 евра со оглед на тоа дека живееш во комплекс со фонтани, базени, сопствен парк и ред други поволности.

Малезија, заедно со главниот град Куала Лумпур општо се страшно евтини. Сепак, сè е во зависност од локацијата што е нормално нели, луксузен ресторан со локален ресторан да има разлика во цени.

Меѓутоа најсрдечно препорачувам за љубителите на истражувањето, ако навистина сакаат да изградат искуство за посетената локација, дефинитивно да посетат локален ресторан.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-04.jpg

Најдобрата работа на живеењето во Кина/Малезија е…

Во Кина интересно е што за нас странците сите дискотеки, од влезница до вип ложа, е бесплатно поради тоа што чест им е да угостат странец.

Малезија пак е симбол за духовен мир, спокој каде што можеш слободно да прошеташ без тронка страв дека можеби нешто ќе ти се случи, кражба или нешто слично.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-02.jpg

Каков е ноќниот живот?

Во Пекинг е прекрасен, неверојатен! За разлика од Пекинг, Малезија е посмирена и без многу случувања.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-01.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Зориа Петкоска за животот во Токио: „Град во кој отсекогаш сакав да живеам. Град во кој никогаш не е... Поет, екстремен космополит, филолог и логофил, така себеси се опишува Зориа Петк...
Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg