Наим Матоши за животот во Кина и Малезија: „Во Кина наутро пензионери танцуваат по улиците, а Малезија е поим за духовен мир“ - Results from #2


Наим Матоши за животот во Кина и Малезија: „Во Кина наутро пензионери танцуваат по улиците, а Малезија е поим за духовен мир“

Внимаваат ли на својот изглед и модните трендови?

Пекинг е мајката на уличната мода, според мене, такви чудни комбинации јас немам видено на ниту едно друго место во светот.

Какви се на поле кариера? Колку трае работниот ден?

Во Кина локалните работници не се ценети доволно, работат во лоши услови, долги работни часови, а платата е ниска. Сепак, нив не им е важна платата, туку титулата. Се борат за да бидат шефови и менаџери, притоа не обрнувајќи внимание на платата.

Исто така, привилегија е ако најдеш работно место блиску до дома, скоро и не постои таа можност, па затоа секое утро има редици и турканици по железничките станици. И хаосот таму е нешто уникатно.

Малезија е скоро иста приказна, разликата е што они имаат пократки работни часови и плата за нормален скромен живот.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-05.jpg

Од каде сè има доселеници во Кина/Малезија? Се наоѓа ли лесно работа?

Во Кина има иселеници буквално од цел свет и лесно се наоѓа работа. Малезија е малку покомплицирана во тој дел и процедурите за вработување се потешки.

Запозна ли луѓе од Македонија таму?

Да, моите пријатели со кои веќе сме повеќе од пријатели, ги сметам за фамилија. Запознав многу луѓе од Македонија, Лондон, Африка, Узбекистан, Унгарија буквално од секаде.

Која работа ти остави најсилен впечаток во овие земји?

Нема да заборавам тоа што во Пекинг секое утро пензионери се собираа и танцуваа буквално среде улица и на секој агол имаше традиционални танци.

Од Малезија пак впечаток ми оставија многуте зоолошки градини со егзотични животни кои имав можност да ги видам за првпат во животот.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-08.jpg

Би сакал ли да дочекаш пензија во некоја од овие земји?

Па, искрено, мислам дека би можел во Кина. Единствениот проблем кога бев таму е што ми недостигаше семејството и пријателите, кои ми даваа морална поддршка додека бев далеку од дома.

naim-matoshi-za-zhivotot-vo-kina-i-malezija-vo-kina-nautro-penzioneri-tancuvaat-po-ulicite-a-malezija-e-poim-za-duhoven-mir-02_copy_copy.jpg

Повеќе фотки од Наим во Кина и Maлезија:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Зориа Петкоска за животот во Токио: „Град во кој отсекогаш сакав да живеам. Град во кој никогаш не е... Поет, екстремен космополит, филолог и логофил, така себеси се опишува Зориа Петк...
Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg