Даниела Станковска за Дубаи: „Од Бурџ Халифа го видов најубавото зајдисонце, измрзнав среде пустина на дожд“

Во каков тип на сместување престојуваше? Од што од понуденото си највоодушевена?

Престојувавме во просечен хотел (кај нас тој би бил луксузен) имаше 5 барови внатре, различни видови на ресторани и базен на кров од кој јас бев највоодушевена, затоа што имаше поглед кон цел град.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-04.jpg

Најромантична сцена на која посведочи на Дубаи е…

Според мене тоа сигурно ќе биде фонтата кај Бурџ Халифа.. На секој половина час имаше музика на која фонтанта „танцуваше“, а и самиот облакодер менуваше бои. Така што за нас тоа беше најромантичното место за посета и за уживање. И нормално зајдисонцето кое го споменав погоре. 

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-17.jpg

Дали би го препорачала Дубаи како дестинација за одмор на сите?

Секогаш. Доколку е некој во можност да си дозволи таков одмор, тогаш дефинитивно е нешто кое го препорачувам.

И јас нормално дека би се вратила таму за многу скоро. Мислам дека тоа ќе биде 2022 затоа што во моментов градат уште една зграда која ќе биде највисоката во светот, така што тоа не смее да се пропушти (секако, ако пак најдам поефтини карти :).

Повеќе фотки од Даниела во Дубаи:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со семејство Марковски на Тасос: „Патувавме 7 часа од Скопје, траектот нè чинеше 84 евра, с... „Бевме вo all-inclusive хотел за првпат, но сфативме дека сепак сме повеќе за ше...
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само ... „На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во рестора...
На одмор со Александра П. Илиевска во Пореч: „Има природни сенки, водата беше топла за Јадран, лежал... „Ова мирно место се наоѓа на Истра во Хрватска и идеално е за семејства кои...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...

Најчитани неделава