Даниела Станковска за Дубаи: „Од Бурџ Халифа го видов најубавото зајдисонце, измрзнав среде пустина на дожд“

„Јас бев воодушевена од првиот момент кога стапнав во Дубаи. Целиот тој модерен свет, кој е проткаен со нивната традиција, е навистина уникатен, чистотата по улиците, облакодерите кои никогаш до сега ги немав видено, луксузот, и генерално целата архитектура која е многу поразлична од таа на која сме навикнати во Европа“, раскажува 29-годишната Даниела.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-01.jpg

Даниела Станковска (29) од Битола, по професија е продукт менаџер во ИТ компанија.

Таа обожава патувања, а едно од оние кои ѝ оставиле најсилен впечаток во последно време е патувањето во Дубаи со нејзиниот партнер Дарко, кој на Инстаграм е познат како Дарко Влогс.

Даниела на шега вели дека со Дарко се заедно од кога таа знае за себе. Повеќе од 10 години биле најдобри другари и како што велат - најголемите љубови се раѓаат токму од големи пријателства.

Вели дека и двајцата обожаваат да патуваат и дека и кога не биле во врска секогаш патувале заедно... Швајцарија, Италија, Англија, Германија, Турција се само дел од дестинациите кои ги посетиле досега.

Даниела ни ги споделува своите искуства од патувањето во Дубаи...

Зошто токму Дубаи како дестинација за одмор? 

Па Дубаи испадна непланирано... Сакав конечно да одам на место кое е надвор од Европа и да видам нешто поразлично. Разгледував авионски карти и картите за Дубаи во тој момент беа поевтини од вообичано, па затоа и веднаш ги купив.

Мора да признаам дека Дубаи никогаш не ми беше во листата на места кои мора да ги посетам, но на мојот партнер Дарко и тоа како му беше. Дополнително се поклопи со неговиот роденден па испадна и роденденски подарок. Сега може да кажам дека тоа беше една од најдобрите одлуки која сме ја донеле.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-11.jpg

Во кој период од годината беше таму и кој период мислиш дека е најдобро да се посети Дубаи?

Бев во jануари и не беше екстремно жешко, па би го издвоила тој период како најдобар поради тоа што нема висок степен на влажност во воздухот. 

Но секако, таму е туристичка сезона 365 дена, така што мислам дека нема да се погреши да се посети во кој било друг период од годината.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-03.jpg

Колку чини патот дотаму?

Зависи со која авиокомпанија патувате. Ние патувавме од Бугарија преку WizzAIR и повратната карта беше околу 150 евра по човек.

Исто така, има и виза која е неопходна, а таа е околу 80 евра.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-19.jpg

Првиот впечаток по пристигнувањето…

Јас бев воодушевена од првиот момент кога стапнав во Дубаи. Целиот тој модерен свет, кој е проткаен со нивната традиција, е навистина уникатен, чистотата по улиците, облакодерите кои никогаш до сега ги немав видено, луксузот, и генерално целата архитектура која е многу поразлична од таа на која сме навикнати во Европа.

Дополнително е интересно тоа што градот се наоѓа во пустина, па на такво тло успеале да изведат таква инфраструктура.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-13.jpg

Како би ги опишала локалците?

Љубезни и доста дружељубиви.. Меѓутоа морам да ви признаам дека не сум 100% сигурна дека луѓето кои ги запознав се баш локалци затоа што таму има многу различен народ, населен од цел свет.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-15.jpg

Какви се цените? Цена на коктел на плажа на пример? Колку се плаќа лежалка?

Па, цените беа релативно високи за наши стандарди... Лежалките по 30 евра една, но ние најчесто седевме во баровите кои се покрај плажа. Коктелите се по околу 15 евра, а за да влезеш во некоја од знаменитостите во просек влезницата е околу 50 евра, на што и најмногу потрошивме пари.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg