Даниела Станковска за Дубаи: „Од Бурџ Халифа го видов најубавото зајдисонце, измрзнав среде пустина на дожд“ - Results from #1


Даниела Станковска за Дубаи: „Од Бурџ Халифа го видов најубавото зајдисонце, измрзнав среде пустина на дожд“

Зошто Дубаи е светлосни години пред нас?

Па, навистина не можеме да ја споредиме нашата земја со Дубаи затоа што првично станува збор за екстремно различни земји, култури и традиции. Дубаи е најголемиот бизнис центар во светот со богатство кое е непроценливо и незамисливо за обичниот човек. Тие се чекор напред пред сите, во архитектура, бизнис и трговија, туризам и мода. Така што, би рекла дека е светлосни години пред сите, не само пред нас.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-10.jpg

Има ли рестрикции во поглед на однесувањето на улица, што смееш, а што не смееш да правиш?

Со оглед на тоа дека ние бевме туристи немавме буквално никакви проблеми во тој поглед, но, сигурна сум дека за локалците работите се поинакви.

Имаме пријатели кои живеат таму со години и исто така немале никогаш проблеми, за разлика од Абу Даби каде што имам слушнато дека се многу поригорозни од Дубаи.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-05.jpg

Дали Дубаи навистина е дестинација за совршен одмор?

Со сигурност. Има многу што да се види, и вреди да се посети барем еднаш во животот затоа што тоа е дефинитивно патување во иднината… Град како од филм.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-06.jpg

Најдобрата страна на Дубаи е…

Би кажала сé! Премногу чист, одлично среден и организиран град.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-07.jpg

Најлошата страна на Дубаи е…

Па, ние не ја доживеавме таа лоша страна.. Веројатно би била влажноста на воздухот затоа што била неподнослива, но среќа ние немавме такво лошо искуство.

Можам да кажам едно лошо искуство кое го имавме, а тоа е дека бевме во еден паб првата вечер (сосема случајно), затоа што бевме многу гладни.. и нарачавме 2 обични бургери, па ни стигна сметка 100 евра што како за почеток беше малку шокантно за нас. Како што кажав и претходно, навистина е скапо за наш стандард. 

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-09.jpg

Како се движеше таму, кои места ги посети?

Тука морам да ги напоменам нашите многу добри пријатели Меги и Сагар, кои живеат таму веќе неколку години. Да не беа тие, немаше да го доживееме Дубаи во најдобро светло затоа што со нив бевме буквално секаде.

Најинтересното нешто ми беше Global Village комплексот кој навистина мора да се посети. Комплексот е отворен од октомври до април. Ова е на некој начин „саем“ од  различни култури и секоја земја е претставена на свој оригинален и традиционален начин. Имаше и посебен дел за Балканот каде што го видовме и нашиот охридски бисер.

Потоа секако дека бевме и се искачивме на највисоката зграда во светот Бурџ Халифа, од каде се гледа цел Дубаи и нормално тука успеавме да го фатиме и најдоброто зајдисонце во светот. 

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-29.jpg

Наредно бевме во Miracle Garden, волшебен парк кој е направен од цвеќиња. Тука ги видовме ликовите од Дизни, замоци, авиони, балерини итн, сè направено од свежо цвеќе.

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-08.jpg

И секако, сафари. Тука за прв пат видов како изгледа пустина. Се возевме со џип 4х4, ATV мотори (ако сте зависни од адреналин како нас, тогаш не смеете да ги пропуштите), сурфање на песок и секако јавање на камили (тоа испадна и не толку забавно затоа што врнеше дожд и измрзнав среде пустина).

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-18.jpg

На крај во истата таа тура, имавме едночасовно шоу кое беше одлично организирано со храна, игри, магии, и тетовирање со к'на. 

daniela-stankovska-za-dubai-od-burdj-kalifa-go-vidov-najubavoto-zajdisonce-izmrznav-srede-pustina-na-dozhd-02.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Патувањето на Around Gaia продолжува: „Комбето е сега наш дом и ќе посетиме што е можно повеќе места... Да се патува четири години со мотор, да се живее од ден за ден, да се посетат 70...
Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Интервју со Јована Квржиќ од Белград: „Бројот на гости на свадбите во Пакистан е ограничен на 1.000 ... Јована Квржиќ е Србинка која неодамна се врати од своето патување во Пакистан.&n...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg