Стефани Брдар за животот во Германија: „Германците се големи авантуристи, здравството им е совршено, а законите строги“


Стефани Брдар за животот во Германија: „Германците се големи авантуристи, здравството им е совршено, а законите строги“

„Сѐ поголем е бројот на Македонци во Германија. Во градот Регенсбург има голем број на фамилии, со кои се дружиме константно, си прославуваме родендени, славиме наши празници и сме секогаш на располагање да си помогнеме еден на друг и размениме искуство“, раскажува Стефани Брдар од Прилеп.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-01.jpg

Стефани Брдар (30) е родена во градот на хероите Прилеп и за себе вели дека е горда прилепчанка. Има завршено Факултет по фармација во Штип, а веќе 3 години живее и студира во Германија.

Од идејата зошто токму Германија до какви се Германците во секојдневието, таа ја раскажува својата приказна за CRNOBELO.com:

„Од секогаш сум била љубопитна за државата Германија, и на крај ми испадна прилика да работам како студент за време на летниот распуст и долг период како студент ја посетував.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-16.jpg

Моето прво работно искуство беше во Минхен, каде подоцна продолжив редовно да работам како студент, сѐ до пред 2 години кога се решив да се запишам на студии по хемија на Универзитетот во Регенсбург каде претходно посетував настава за совладување на германскиот јазик, кој е потребен за студирање.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-06.jpg

Регенсбург е град во Баварија, југоисточна Германија, сместен помеѓу спојот на реките Дунав и Реген. Според пописот од 2004 година Регенсбург има 150.212 жители. Близу градот се наоѓа класичниот храм споменик на германските великани  ,„Валхала“. 

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-05.jpg

Студентски град, исполнет со младинa, преполни дискотеки, локали, барови како и паркови. Според мене идеално место за секој еден млад човек кој сака да ужива, да се надоградува, да стекнува нови искуства и пријателства.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-09.jpg

Во почетокот имав една поинаква слика за Германија, како и многу други. Мислев дека Германците се многу ладнокрвни, народ кој е роден да се однесува дистанцирано, луѓе кои не сакаат дружења, не се склони кон помагање на странци, сѐ додека не се уверив во спротивното дека се сосем спротивно од горенаведеното.

Освен за дистанцата за време на пандемијата, која сега ја зголемија.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-14.jpg

Постои една поговорка: Без јазик си никој и ништо. Колку повеќе јазици знаеме толку полесно ни се отвораат вратите. Тоа правило владее и во Германија.

Но. за новодојденци Германците се љубезни, на секој начин се трудат да помогнат и за почеток и послабо солиден англиски е доволен за средување на сите потребни работи. Имав можност во првата година да побарам помош од стара бабичка која перфектно знаеше англиски и ме насочи соодветно.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Work&Travel искуство на две кумановки: „Работевме во Burger King, се дружевме со Германци и учевме ј... За време на студирањето секогаш треба да се искористат можностите што им се нуда...
Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
„Животот е авантура!“ - Мила, нашата стјуардеса која го живее својот сон! Таа е Мила, прекрасно македонско девојче кое го живее својот сон. Работи како ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg