Стефани Брдар за животот во Германија: „Германците се големи авантуристи, здравството им е совршено, а законите строги“

Во Германија во зависност на која работна позиција се наоѓа одредена личност зависи  и стандардот за живот. Месечните трошоци за сметки се 1/3 од платата, но пак ќе напоменам зависи од работното место, од локацијата на местото на живеење итн.

Сепак, постои помош од државата за семејства со ниски примања, детски придонес, 13 и 14-та плата, платен годишен одмор итн. Покрај редовната работа има за право секоја личност на втора работа со минимален приход до 450 евра.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-03.jpg

Навиките на Германците зависат од поединец до поединец, но сепак сметам дека се со здрави навики, сѐ повеќе сакаат времето да го поминуваат шетајќи во планински предели, да спортуваат, богати со авантуристички дух, жедни секојпат да научат нешто ново, да истражуваат, но постои и дел од нив кои по напорниот работен ден одат во најблискиот локал со кригла ладно пиво и уживање во традиционалната баварска храна, и слушајќи традиционални баварски песни.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-07.jpg

Младината претежно може приквечер да се забележи како ужива покрај коритото на Дунав, слушајќи добра музика, јадејќи брза храна и разменувајќи случки како го поминале денот.

Постојат голем број на локали, кој можат да го задоволат секој поединец. Буквално секој ден можеш да  одбереш нова локација да испробаш нешто ново и никогаш да не ти здодее.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-15.jpg

Цените се прикладни според стандардот. Едно кафе во кафуле чини од 2,50 евра, па нагоре во зависност од кој тип на кафе станува збор.

Најдобрите страни во Германија се: точност, сигурност, безбедност, перфектно здравство, чиста животна средина, љубители на секаков тип на животни, не постојат скитници по улици и централно греење, организиран сообраќаен транспорт, и квалитетен живот.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-04.jpg

Како лоши страни можам да ги кажам: премногу закони, строги правила кои мора да се почитуваат, каде и при најмал прекршок следи санкција.

Германците ја ценат брачната заедница. Семејството е на прво место и пред сѐ. Во последен период забележуваам зголемен број на новороденчиња, се стремат кон создавање на  голема фамилија. Во бракот се подеднакво одговорни за воспитување на своите деца, независни се и се борат сами во животот. Веќе на 18 години системот ги има подготвено сами да се грижат, и слободно да опстанат во живтот, дури некои и далеку од своите родители.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-18.jpg

Со досегашното искуство можам да кажам дека се добри пријатели, потребно е подолг временски период да помине за да стекнат доверба, но пред сѐ се доста лојални. Младината е доста послободна и поотворена. Брзо стапуваат во контакт со дојденците, сакаат многу да прашуваат во врска со нашиот живот во Македонија, за секојдневни работи и пред сѐ покажуваат интерес за посета како туристи на Македонија, а дел од нив веќе и ја имаат посетено.

Пред пандемијата Германците можea да се забележи како уживаат на плажите по Италија во голем број, потоа Шпанија, како и со посета на егзотичните тропски предели. Тие се народ на кој секој слободен викенд му е веќе однапред испланиран за посета на нешто ново. По природа се авантуристи.

stefani-brdar-za-zhivotot-vo-germanija-germancite-se-golemi-avanturisti-a-zdravstvoto-im-e-sovrsheno-08.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
Марија Главчева за животот во Чикаго: „Многу македонски деца има овде, а сите тие можеа да растат во... „Живеам во околина на Чикаго, ме нервираат измамниците, да ти е страв да кренеш ...
Фросина од Пробиштип за семејниот живот во Холандија: „Тука никој не вика по децата, времето го мину... „Породилното тука трае само 3 месеци, но огромен број жени работат само неколку ...

Најчитани неделава