Драган Владимиров живее на Малдивите: „Со локалците правиме скара средe океан, јас сум единствениот Македонец на островот“


Драган Владимиров живее на Малдивите: „Со локалците правиме скара средe океан, јас сум единствениот Македонец на островот“

На младиот Драган Владимиров веќе пет месеци дом му се феноменалните Малдиви. Вели дека е единствениот Македонец на островот Бандос и дека ужива во сите активности кои ги нуди оваа држава на Индискиот океан.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-01.jpg

Драган, родум од Скопје, но живее во Кратово, има 27 години и моментално работи како шанкер во луксузен ресторан на Малдиви. Тој додава дека полека се навикнува на строгите правила на оваа држава.

Иако е млад има богато интернационално искуство, од Абу Даби и работа на брод, а во моментов негов дом е островот Бандос, вистински тропски рај со кристално море, бели плажи и многу егзотични растенија и палми.

Светската пандемија го донела на Малдивите

Овој егзотичен рај е негов дом откако крузерот каде што работел ги стопирал своите активности поради светската пандемија. Младиот Македонец со авантуристичка душа вели дека отсекогаш знаел дека сака да работи со луѓе, да комуницира и да се социјализира, а негов сон е да има свој локал или бар, па затоа работи ширум светот за да собере нови идеи и искуства.

Својата среќа си ја пробал како келнер во Абу Даби и шанкер на луксузна бродска компанија, а во моментов работи во бар во елитен ресторан на Малдивите.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-04.jpg

„Заради сегашната пандемија беа стопирани бродовите вклучувајќи го бродот на кој работев, почнав да аплицирам на различни места и така завршив на тропскиот остров Бандос кој се наоѓа во Малдивите, 15 минути од главниот аеродром. Тука работам како шанкер во А Ла Карт Ресторан „Sea Breeze“ и сум доста задоволен, запознав доста луѓе и стекнав многу пријатели помеѓу локалното население“, раскажува тој додавајќи дека во моментов поради мерките за претпазливост и пандемијата животот таму е малку комплициран поради неможноста да осетуваат други острови.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-06.jpg

„Јас сум веќе пет месеци на островот и супер ми е, во слободно време одам во теретана, а со колегите одиме и на риболов, нуркање, веслање со кајак, играме фудбал, одбојка, островот е опремен со фудбалско и тениско игралиште“, појаснува Драган за животот на Малдивите, каде плажите се вистински рај, а тој го користи секој слободен час да ужива во кристалната вода под сенка на палмите.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-02.jpg

На прашањето како го прифатило локалното население овој млад Македонец вели дека менаџерскиот тим и колегите, кои претежно се локалци се едни од најдобрите луѓе со кои досега има работено.

„Сега за сега моментално сум единствениот од Македонија кој работи на овој остров т.е Европјанин и сум презадоволен.“

За CRNOBELO.com Драган открива дека на Малдивите најмногу му се допаѓа дружењето и риболовот, посебно на зајдисонце и подготовката на уловената риба со локални зачини на скара средe океан.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-03.jpg

Досега, тој вели дека немал некои поголеми тешкотии и предизвици во навикнувањето во новата средина, а тоа според него се должи на неговото досегашно интернационално искуство.

Драган појаснува дека повеќето од локалното население се со муслиманска вероисповед, па така имаат доста строги закони и правила. Пиење алкохол е само дозволено на островите на кои се наоѓаат ресорти со дозвола за продажба на алкохол, но на кој не живее локално население.

Драган вели дека локалците немаат слушнато за Македонија воопшто не ја познаваат нашата култура, но се љубопитни и тој често им раскажува.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-05.jpg

За локалната кујна и деликатеси, Драган вели дека за неговиот вкус е со многу зачини и егзотична и изобилува со риба и морски плодови. Омилена локална храна му е Boshi mashuni, салата со кокос и Garudiya која е супа од риба, но сепак му недостига домашно зготвената храна од мајка му.

Додава дека покрај семејството, на Малдивите му недостигаат и пријателите од Македонија и нивните авантури низ нашата земја.

Пица до 1.500 денари, а коктели до 2.000 

Во врска со цените и животниот стандард, младиот шанкер појаснува дека бидејќи Малдивите се туристичка дестинација цените се доста високи.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
Владо Јаневски живее во Австралија, а има посетено 60 земји: „Змија може да има и среде Сиднеј, на п... „Целиот свет е убав и треба да се патува. Со големо задоволство ги прераскажувам...
„Животот е авантура!“ - Мила, нашата стјуардеса која го живее својот сон! Таа е Мила, прекрасно македонско девојче кое го живее својот сон. Работи како ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg