Марија Ристовска: „Мексико е совршена летна дестинација, но плажите во Тулум имаат проблем со алгите“

Имаат ли чудни навики?

Не добив впечаток дека Мексиканците се многу различни од нас во поглед на навики, освен што на сè ставаат лута салса, така да не би издвоила ништо друго во моментов.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-17.JPG

Има ли многу туристи? Од кои земји најмногу?

Имаше многу туристи, да, но сепак во ниеден момент не се почувствува метеж. Најчесто туристите беа од САД, а имаше доста и од Швајцарија, Англија, Италија и Бразил.

За жал најголем дел од Мексиканците немаа слушнато за Македонија, веројатно не доаѓале многу туристи од кај нас во овој регион, но ние им раскажувавме за нашата култура и им објаснувавме во кој дел од Европа се наоѓаме.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-18.jpg

Каква е ситуацијата со короната? Се носат ли маски?

Можам да кажам дека многу се внимаваше на заштита од короната. Секаде се носат маски и во првиот момент ако ја симнете, доаѓа човек и ве „опоменува“. Во сите маркети и на сите туристички атракции мерат температура на секој човек посебно на влезот, а на некои места имаат и поставено термални камери и задолжени вработени кои ќе ги следат во секое време.

Исто така, редовно се чистеа бродовите за пренос до островите (помеѓу секоја тура) и се ограничуваше бројот на присутни патници или посетители на одредени локации. Така што во споредба со нас, многу посериозно и поорганизирано се грижеа за ситуацијата со короната.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-17_1.jpg

Зошто Мексико е совршена летна дестинација?

За сите оние што сакаат активен одмор во кој можат да комбинираат одморање на плажа со истражување на автентичната култура, недопрената природа, историските локалитети и посета на локалните атракции како што се сенотите, Мексико е одлична можност за да се доживее магијата на летото.

 marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-16.jpg

Повеќе фотки од Марија од Мексико:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
Марија Главчева за животот во Чикаго: „Многу македонски деца има овде, а сите тие можеа да растат во... „Живеам во околина на Чикаго, ме нервираат измамниците, да ти е страв да кренеш ...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...
Небојша од Гостивар помина 4.000km на мотоцикл низ 7 држави: „Ме воодушевија Алпите, снимајќи уништи... „Траектот до Италија го плативме 170 евра со кабина за спиење, а просекот за спи...

Најчитани неделава