Диме возеше велосипед од Македонија до Црна Гора, Хрватска и Босна: „Трошоците на ваков тип патување се минимални“

Уште едно инспиративно патување се вбројува во списокот на Диме Трајановски, кој по патешествието до Турција реши да не запира. 

dime trajanovski so velosiped niz vrna gora hrvatska i bosna a mozebi nekogas ke go obikoli i celiot svet 9

За CRNOBELO.com Диме Трајановски ни раскажува за продолжението од авантурата, која се случи пред неколку месеци. Неговите патувања може да ги следите на неговиот Инстаграм профил, @cycler_dime.

Диме, летово возеше велосипед од Македонија до Турција. Дневно поминуваше околу стотина километри и од целото патешествие научи многу работи. Веројатно инспириран од доживеаното искуство, одлучи да продолжиш да патуваш со велосипед. Зошто се одлучи за Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина?

Пред сè, со овој разговор би сакал да ги инспирирам младите луѓе во Македонија, да излезат од својата комфорна зона, да ги земат своите велосипеди и да ја истражуваат Македонија, а зошто не и Европа, на еден поинаков и би рекол поинтересен начин.

Во Европа се околу 19 Еуро вело рути.  Јас досега имам возено на EuroVelo 11, EuroVelo 13, и сега последнава на EuroVelo 08.

Патувањето во Турција беше дел од рутата Еуро вело 08 кое всушност ми даде причина да продолжам и да освојам уште повеќе километри од самата рута поминувајќи ја Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Еуро вело 08 – наречена медитеранска рута која е долга 7.560 километри и се протега од Кадиз, Шпанија до Атина, Грција, а потоа продолжува до Измир, Турција и до островот Кипар. Рутата се протега исток-запад низ Европа главно долж Медитеранот, поминувајќи последователно низ 12 земји: Шпанија, Франција, Монако, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција, Турција и Кипар.

Би рекол дека оваа тура е една од поживописните и навистина плени со прекрасни пејзажи.

dime trajanovski so velosiped niz vrna gora hrvatska i bosna a mozebi nekogas ke go obikoli i celiot svet 4

Кога го започна патувањето и колку траеше?

Овој пат патувањето беше пократко од претходната тура и траеше една седмица, при крајот на месец август од 22 до 29.

dime trajanovski so velosiped niz vrna gora hrvatska i bosna a mozebi nekogas ke go obikoli i celiot svet 7

Кога ќе се тргне на вакви патување, секогаш сме соочени со ограничување на багажот. Што сè носеше со себе поминувајќи дел од Еуро вело 08 рутата?

Би рекол дека багажот при секое патување од ваков вид е стандарден и има некои елементи коишто се задолжителни како на пример резервните гуми, резервната облека, мини пумпа, алат за менување на гуми, шатор, душек на дување, батерија за полнење, ноќна опрема и облека со сигнализација, крем за сонце, но има и некои елементи кои не се задолжителни меѓутоа без нив патувањето не би било интересно и доловено со спомени.

Овде би го спомнал дронот и телефон за снимање, GoPro камерата и секако офлајн карти за навигација.

dime trajanovski so velosiped niz vrna gora hrvatska i bosna a mozebi nekogas ke go obikoli i celiot svet 1

Со каков велосипед го оствари патувањето?

Со мојот Gravel велосипед, јас би го нарекол велосипед за сите терени или понекогаш уште го нарекуваат и авантуристички велосипед. Во суштина овој вид на велосипеди се друмски велосипеди дизајнирани да се справат на различни површини, да носат дополнителна опрема и се погодни за целодневно возење на патишта кои се помалку фреквентни, па дури и делови од патишта со чакал, шумски патеки итн.

Тие се направени да бидат потрајни и поцврсти од стандардниот друмски велосипед, заедно со зголемен опсег на брзини, но со пошироки гуми, помала брзина и стабилно управување. Тие имаат неверојатна сличност со тркачки велосипеди, меѓутоа гумите не се толку чувствителни на оштетувања кога се вози надвор од асфалт, за разлика од вообичаените тесни гуми.

dime trajanovski so velosiped niz vrna gora hrvatska i bosna a mozebi nekogas ke go obikoli i celiot svet 5

Без пари никаде не се заминува или скоро никаде… Сите ќе се сложиме дека патувањето со велосипед е едно од најевтините, но со колкави трошоци се соочуваш на ваквите патувања?

Според мене возењето велосипед е најевтиниот и најфлексибилниот начин за патување. Сепак, колку ќе потрошите за време на едно патување со велосипед, навистина зависи од самата ситуација и стилот на патување на секој човек.

Како и да е, трошоците се сепак минимални особено во Балканските држави. Единствено место од патувањето кое според мене изгледаше прескапо за овие простори беше Дубровник и хрватското крајбрежје. Многубројните туристи кои ги имаше од секаде најверојатно имаат голем придонес за ваквите цени. Некаде храната и сместувањето наликуваа како цените од некои светските метрополи.

Како и да е, ова се очигледните секојдневни трошоци:

За храната, би рекол дека е возможно да се преживее со околу од 14-20 евра дневно речиси во секоја земја од регионот. Се разбира, се придржував до локалните производи и понекогаш морав да се откажам од некои производи на коишто веќе се имам навикнато.

Сместувањето е најголемиот трошок од ваков тип на патување, без разлика колку е евтина земјата во која се наоѓате. Мој личен совет ако сакате да го одржите вашиот буџет низок, колку што се може повеќе да се избегнуваат стандардните и да се користат алтернативи начини на сместување. Како на пример кампување, Warmshowers – апликацијата за велосипедисти, Couchsurfing или Workaway.

dime trajanovski so velosiped niz vrna gora hrvatska i bosna a mozebi nekogas ke go obikoli i celiot svet 3

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg