Марија Андоновска: „Москва за Нова година е бајка, но кога слетавме беше -17 Целзиусови степени“


Марија Андоновска: „Москва за Нова година е бајка, но кога слетавме беше -17 Целзиусови степени“

„Поради тоа што мојот партнер е Германец, јас Македонка, и живееме во Букурешт, за нас наједноставно беше да летаме од Софија. Билетот чинеше 450 евра за еден со багаж од 23 килограми. Генерално Москва не е премногу скапа доколку не одиш во ексклузивни ресторани. Цените во маркет се може за 10-20 посто повисоки од цените во супермаркети во Скопје“, раскажува Марија Андоновска од Струмица за CRNOBELO.com. Таа е во врска со германскиот ракометар Кристијан Дисингер, кој играше за Вардар.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-01.jpg

Марија Андоновска (33) од Струмица, за која вели дека за неа е еден од најубавите градови во нашата земја, од свои 18 години кога се запишала на факултет, живеела во Скопје сè до пред 4 месеци, кога поради љубов се преселила во Букурешт, Романија.

Таа по професија е архитект и вели дека Москва била мелем за нејзините очи.

Со нејзиниот партнер ракометарот Кристијан Дисингер е во врска 3 години и заедно уживале во патувањето во руската престолнина.

Марија за CRNOBELO.com ги споделува впечатоците оттаму:

Зошто токму Москва? Од каде оваа идеја?

Москва ја избравме по покана на наши многу блиски пријатели кои живеат во Скопје, но неколку месеци во годината живеат во Москва. Станува збор за Тимур и Ирна Дибирови, добро познати на нашата јавност.

Мојот партнер, Кристијан Дисингер е ракометар кој три години играше во Вардар. Во Скопје живеевме во иста зграда, еден до друг стан и во текот на овие години многу се зближивме, па најчесто зимските и летните паузи од ракометните терени ги поминуваме заедно.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-03.JPG

Првично, Москва требаше да ја посетиме минатото лето, но поради Ковид рестрикциите кои Русија ги имаше го одложивме патувањето, го преместивме за новогодишните празници и мислам дека не згрешивме. Москва за Нова година е бајка.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-12.jpg

Зошто ти се допадна Москва уште на првото стапнување таму?

Искрено кога слетавме беше 18 часот и надвор температурата беше-17, прво на памет ми беше дали ќе смрзнам кога ќе излезам од аеродром, но еуфоријата по сите перипетија во време на корона за да извадиме визи и да стигнеме во Москва како што планиравме те обзема и температурата надвор не ја чувствуваш, туку само уживаш во глетката и убавините пред тебе.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-08.jpg

Колку време се патува од Македонија до Русија?

Во Македонија ги откажаа директните летови за време на празниците поради намален интерес и можевме да бираме да летаме преку Истанбул или директно да одиме преку Софија.

Поради тоа што мојот партнер е Германец, јас Македонка, и живееме во Букурешт, за нас наједноставно беше да летаме од Софија. Билетот чинеше 450 евра за еден со багаж од 23 килограми.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-02.jpg

Зошто Русија е уникатна земја?

Русија е уникатна по многу работи, како прво тоа е најголемата земја во светот и зазема една десетина од вкупната површина на земјата. Се простира на два континента Европа и Азија и има 11 временски зони.

На пример ако сакате да отидете од Москва до Владивосток со воз потребни ви се 7 дена или 116 часови со автомобил во еден правец.

За мене како архитект, Русија односно Москва беше едно посебно доживување.

Црвениот плоштад кој всушност името го добил по убавината и црвената боја иако претставува симбол на политичка моќ, палата Кремељ во Москва, базиликата Свети Василиј, Болшој театарот, Мавзолејот на Ленин, Метростаницата во Москва која има хипнотизирачка убавина и уште многу други работи.

Во просек Русија има бројка од 24 милиони туристи годишно, што сама по себе говори колку земјата е уникатна.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-10.jpg

Долови ни ја атмосферата од Москва во празничниот период… Накитено ли е многу?

Не знам дали може атмосферата да се долови со зборови и со фотографии. Градот беше прогласен за еден од најубаво декорираните за новогодишните празници.

Атмосферата во Москва е нереална. Секој агол во секоја уличка беше украсен. Булеварите беа украсени со лед тунели, огромни елки на секое ќоше, дрвјата по булеварите од страна украсени како чаши од шампањ, и колку и да заглавиш во сообраќај, а патуваш и по еден час никогаш не се нервираш дека си заглавен во автомобил поради тоа што глетката е прекрасна.

Река од народ, сите насмеани, расположени, среќни. Како да си во некоја бајка толку убаво на моменти нереално.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-13.jpg

Какви се цените?

Како и во секој голем град, и во Москва има поевтини и поскапи ресторани, но изборот е огромен, зависи што ќе одбереш.

Можеш да бираш, има ресторани со Мишелин ѕвезди, има ресторани со превкусна храна и услуга кои не се екстремно скапи и ресторани кои се нормални со цени малку повисоки од Скопје.

На пример во убав ресторан во центар ручек за двајца е околу 60-80 евра во зависност што јадеш и дали пиеш. Кафе исто зависи каде, но 2 евра е некој просек.

Генерално Москва не е премногу скапа доколку не идеш во ексклузивни ресторани. Цените во маркет се може за 10-20 посто повисоки од цените во супермаркети во Скопје.

marija-andonovska-moskva-za-nova-godina-e-bajka-no-koga-sletavme-beshe-17-celziusovi-stepeni-16.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Мери Кокотова: „3 години во Мексико Сити ми беа сончев рај, а Лондон ми е божиќна бајка“ „Капучино во Мексико Сити е 150 денари, а во Лондон 210, Мексиканците на прво ме...
Марија Ѓурчиновска: „Планините се мојот издувен вентил, а Македонија има што да понуди“ Природата за мене е основното нешто што му треба на човекот за да постигне благо...
Марија Ристовска: „Мексико е совршена летна дестинација, но плажите во Тулум имаат проблем со алгите... „Мексико е незаборавно искуство, но локалците во внатрешноста на полуостровот жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg