Мими од Белград: „Две години живеам на Малдиви - локалците немаат високи плати, немаат раскошни куќи, не патуваат, но се среќни“

Од досегашното работно искуство кои тури ти биле највозбудливи?

Секоја дестинација претставуваше предизвик за мене, зашто никогаш се нема случено прво самостојно да прошетам некоја земја, а после тоа да се вратам и да водам тура.

Први три години ја водев Европа, па ќе дадам еден пример: тура со автобус: Истанбул – Кападокија – Анкара. Пред тоа неколку пати имам одено во Истанбул и не се грижев околу тоа. Меѓутоа јас бев прва која во тогашната агенција замина во Кападокија и Анкара и немав од кого да се распрашам околу деталите. Морав сè да подготвам сама. Секојдневно бев соочена со некоја вид на страв дали ќе ги имам одговорите на сите прашања, и дали ќе ги знам сите улици низ кои автобусот треба да минува. На крај излезе тоа да ми биде најубавата тура и една од најдобрата група во мојот живот.

Немавме пополнување на анкети, па патниците своите пораки и впечатоци ми ги напишаа на лист хартија, а јас дома се вратив горда и со полно срце. Од оваа тура научив многу важни работи кои ми се наоѓаат во секоја наредна тура.

Пред три години почнав да работам за агенцијата „Џангл травел“ и далечни патувања. Тие исто така ми укажаа голема доверба и мојата прва далечна дестинација ми беше Тајланд. Мои луѓе, не можам да ги го опишам тоа чувство! Не знаев дали сум повеќе среќна или исплашена.

Тргнавме, бев навистина спремна, но наидов на барања и прашања од страна на патниците кои беа апсолутно надвор од доменот на мојата професија и моите лични интереси. Беше навистина тешко за првпат да се соочам со тоа, но тоа искуство ми беше од големо значење за следните тури. Не е доволно да имате само одреден број на тури, бидејќи како и за сите други работи во животот, човекот учи од ден за ден и од секого учиме.

mimi od belgrad raboti kako turisticki vodic na dalecni destinacii vekje 2 godini ziveam na maldivi na lugjeto tuka mnogu malku im e potrebno za da bidat srekni 8

Последните две години живееш на Малдиви, зошто луѓето што сакаат да патуваат треба да ја посетата оваа егзотична дестинација барем еднаш во животот?

Точно. Ова ми е втора година на Малдиви. Доколку сакате, на мојот Инстаграм профил можете да стекнете подобра слика за сè она што го читате тука.

Малдиви можам да го поделам на два дела: ресорти (приватни острови) и локални острови. Иако приватните острови најчесто се оддалечени десеттина минути од локалните, не постои ништо заедничко освен океанот.

Ресорти се она што го гледате на скоро сите слики од Малдиви: неверојатни куќарки на вода, некои со приватни тераси, базени, лежалки, долги песочни плажи, бујна вегетација, модерни ресторани каде е достапен алкохолот… Јас ги викам „друга димензија“, зашто на ваквите острови се исклучувате од реалноста и се чувствувате како да сте во рај.

Од друга страна локалните острови можете да видите како навистина живеат луѓето од Малдиви, каков е всушност нивниот секојдневен живот. Без луксуз, базени, модерни куќарки, барем овој дел на Малдиви кој е достапен за туристи, но со посебна енергија.

Следната причина е ОКЕАНОТ. Можете да се испробате во нуркање, со задржување на здив или нуркање со боца. Индискиот Океан е фантастичен, а на нашите излети имате можност да нуркате со желки, ражи, ајкули (безопасни), немо и други видови на риба, делфини и слично. Исто така, Индискиот Океан е најтопол во светот, на оваа страна скоро и без големи бранови што е олеснителна околност доколку патувате со мали деца.

Бојата на океанот не може да се опише зашто во прашање се безброј нијанси на сина боја. Фотоапаратот и мобилните можат да пренесат само еден мал процент од оваа убавина.

Ќе го запознаете народот на кој многу малку им е потребно за да бидат среќни. Немаат високи плати, немаат раскошни куќи, не патуваат, не се оптоваруваат со изгледот, немаат клубови, модерни ресторани, скапа облека, но сепак се среќни. Ако ги прашате дали би сакале да сменат нешто, во најголем број на случаи ќе слушнете: „не, имам сè што ми треба“.

Исто така, Малдиви во моментот се подостапни од кога и да било!

mimi od belgrad raboti kako turisticki vodic na dalecni destinacii vekje 2 godini ziveam na maldivi na lugjeto tuka mnogu malku im e potrebno za da bidat srekni 11

Каков е животот на локален остров на Малдивите?

Сезоната е во текот на целата година. Се менуваат два монсуни, па имаме сув и дождлив период. Меѓутоа, дождливиот период може да се карактеризира како период од година каде паѓаат краткотрајни врнежи од дожд кои не сметаат ниту на туристите, ниту пак на локалното население. Штом дождот ќе престане може да се продолжи со сè она што веќе го имате започнато.

Токму поради тоа туристи има во текот на цела година. Температурата е иста во текот на целата година, околу 28-29 степени, но сонцето е силно, па важно е кога сте надвор да бидете намачкани со крем со висок заштитен фактор.

За плаќање се користат долари и нивната локална валута, руфија. Цена на еден оброк се движи од 7-15 долари, а цена на цедени сокови и безалкохолни коктели се од 3-6 долари.

Најголем дел од храната им е од европски тип: пица, паста, бургери, но имаат и нивни специјалитети од ориз и различни морски плодови. На Мафуши немаат трговски центри и бутици, но имаат многу продавнички за сувенири.

Доколку сте сместени во хотел, лежалката не ја плаќате дополнително. Исто така, тука има две бикини плажи, па на остатокот од островот не смеете да се движите по костуми за капење или без маица.

mimi od belgrad raboti kako turisticki vodic na dalecni destinacii vekje 2 godini ziveam na maldivi na lugjeto tuka mnogu malku im e potrebno za da bidat srekni 7

Кои екскурзии и активности им се најомилени на патниците на Малдиви?

Кога би прашале некој Шпанец, тој без размислување ќе ви одговори: „сè што е поврзано со нуркање“. Ја сум 100% таков вид на човек, па и поради тоа се занимавам и со нуркање.

Но, за своите патници можам да кажам дека повеќе се за сончање на убавите песочни насипи среде океан или за дневна посета на приватните ресорти со куќарки на вода, кои оставаат без здив.

mimi od belgrad raboti kako turisticki vodic na dalecni destinacii vekje 2 godini ziveam na maldivi na lugjeto tuka mnogu malku im e potrebno za da bidat srekni 1

Тука може да го завршиме интервјуто, во кои земји од светот би сакал да работиш како туристички водич?

Тука ќе бидам и јас кратка. Сакам да почнам да истражувам некои држави и како патник, да речеме, Јордан, а работно Америка ми е дефинитивно следна дестинација.

mimi od belgrad raboti kako turisticki vodic na dalecni destinacii vekje 2 godini ziveam na maldivi na lugjeto tuka mnogu malku im e potrebno za da bidat srekni 12

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Ервин Цого го замени Скопје со живот во мал град во Швајцарија: „Сè е совршено, но ми фали бурек – н... „Фрибург е мал, но е симпатичен град. Има убави места кои може да се посета...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg