Мартин Данчев живее во главниот град на Велс: „Секаде може да се стигне пешки, а возовите се поскапи од авион“

Каков е јавниот превоз? Висок ли е стандардот на живот? Некоја цена оттаму кафе / пиво …

Јавниот превоз супер функционира, и доброто тука е што не мора да се купува физички билет (ова важи за целото Обединето Кралство ако не се лажам) туку директно со кредит/дебитна картичка може да се плаќа на лице место во автобусите/метроата и цената не е поскапа од таа со физички купен билет.

За стандардот на живот во Кардиф, би рекол дека имаат висок стандард на живот во однос на размерот помеѓу платите и месечна потрошувачка. Обично кафе во барови чини околу 150 до 200 денари, точено пиво околу 300 денари.

martin-danchev-zhivee-vo-glavniot-grad-na-vels-sekade-mozhe-da-se-stigne-peshki-a-vozovite-se-poskapi-od-avion-13.jpg

Би ја препорачал ли оваа земја како туристичка дестинација?

Велс е земја со многу специфичности, богата култура и има што да се види така што вреди да се посети! Препорака моја би било да пробате да погодите сончев период што е самото по себе голем предизвик.

martin-danchev-zhivee-vo-glavniot-grad-na-vels-sekade-mozhe-da-se-stigne-peshki-a-vozovite-se-poskapi-od-avion-14.jpg

Го посетуваш ли Лондон често, што те воодушевува во овој град? Колку време патуваш дотаму?

Честопати одам во Лондон, би рекол еднаш месечно. Гигантски град, безброј култури на едно место и дефинитивно еден од центрите во светот. Во Лондон можете да го најдете врвот од речиси која било индустрија, буквално.

Тоа што ме воодушевува е дека е активен град 24/7 што никогаш нема целосно да го истражите и секогаш ќе има нешто ново на репертоар. Често пати се случува од една страна на улицата да имате објект што е стар 400-500 години, а веднаш до него, најмодерна извртена зграда и сепак да ви има смисла тоа што го гледате.

martin-danchev-zhivee-vo-glavniot-grad-na-vels-sekade-mozhe-da-se-stigne-peshki-a-vozovite-se-poskapi-od-avion-07.jpg

Какви се локалците кога станува збор за пријателствата?

На прв поглед се чинат многу достапни и отворени, но сепак за вистински блиски пријателства нормално е дека треба време и труд за да се изградат. Секако даваат доволно простор и сакаат да комуницираат.

Пред да одиме во Велс што треба да знаеме?

Треба да имате спремен чадор за секое време, автомобилите возат од лева страна, и ако се дружите со Англичани, без пиво гласно зборување и добар хумор нема да поминете.

martin-danchev-zhivee-vo-glavniot-grad-na-vels-sekade-mozhe-da-se-stigne-peshki-a-vozovite-se-poskapi-od-avion-04.jpg

Би се вратил ли некогаш да живееш таму?

Мислам дека не, и доколку не би била Македонија во изборот, тогаш веројатно би била земја во којашто поголем дел од годината е сончево и топло време (со можност покрај море/вода).

На поле музика кое е твоето последно дело?

Тоа е песната „O trem“, напишана од самиот вокалист и гитара изведувач Родолфо Переира т.е. познат под уметникото име Руфо Канопус, е песна посветена на син му и ја напишал кога тој се родил, пред 7 години,  а тек сега ја реализира.

Песната е на португалски, зошто Родолфо по потекло е од Бразил, но живеее во Шпанија. 

 Јас го изработив аранжманот и комплетната продукција на песната. Соработката со Родолфо не е нова, ова е 3-та песна што заедно ја имаме сработено.

Повеќе фотографии од Мартин од Велс:

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...
Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
Љупка од Пробиштип се пресели во Сиднеј во име на љубовта: „Мојот партнер е Македонец, кој 40 години... „Во Македонија работев како медицинска сестра повеќе од 30 години, си ја обожава...

Најчитани неделава